Свеста за поимот „осигурување“ во нашата земја

Свеста за поимот „осигурување“ во светот и кај нас? Како неопходен оправдан сегмент, осигурувањето е сеприсутно во денешното живеење. Имено, животното осигурување претставува едно од најбрзорастечките финансиски дејности во нашата земја. Но, и покрај фактот што свеста се повеќе се развива, сепак според одредени истражувања од изминатите години, кај нас ова сфаќање е сеуште баук.

Недоволна едукација и недоволен развој на свеста за поимот осигурувањето

Пристапот кон осигурувањето како нешто коe се сфаќа како трошок и недоволната финансиска едукација се оние нешта кои го демотивираат народот. Се разбира, тука не смее да се исклучи и фактот за постоењето на финансиската неповолност. Неповолност или недоволната економски развиена „клима“ за поставувањето на јасната слика за осигурувањето. Но, токму тука се крие суштинското прашање. Во ваквите услови постоењето на ризик е поголем. Од тука и интензитетот на она што се нарекува ненадејна незгода и немила ситуација се рангира на се повисоко ниво.

ризик
A businessman knocks down a tower of cubes with the word Risk. Risk management, cost assessment, business and investment safety. Strengthen business resilience and flexibility. Could not avoid failure

Недоволниот осврт кон она што го нудат компаниите и осигурувачите, како и придобивките од секоја полиса, водат кон незнаење. Незнаење за нешто кое е постулат за успех. Недоволната информираност е еден од факторите кој влијае на свеста за поимот „осигурување“.

Во поглед на финансиската неукост, според многу стручни и професионални лица во областа на осигурувањето, образованието за истата треба да започне уште од многу мала возраст.

Што треба да се знае како основа за развивање на свеста околу осигурувањето во нашата земја

Ризиците знаат да нападнат секојдневно и значајно е да се разбере и „конзумира“ нивната проблематика. Тие се случуваат и во момент кога воопшто немаме претстава или проекција дека истите ќе се остварат. „Доколку осигурувањето го насочите и направите како финансиски инструмент, го купите, истовремено добивате сигурност, но и зголемување на квалитетниот живот.“ – вели Крсте Шајноски, претседател на советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2022 година, во интервју за документарниот магазин Приказна (Магазин посветен на осигурувањето). Имено, во никој случај ваквиот потфат не цели кон погрешна инвестиција. Затоа треба да се разгледа позитивниот ефект и придобивката посоле овој чекор.

Разгледајте ја добро понудата

Според Агенцијата за супервизија, осигурителните компании треба добро да го објаснат она што го нудат. Секогаш треба да се имаат во предвид позитивните и негативните страни на производот. Истите, треба да понудат лепеза на производи кои секако ќе бидат во интерес на клиентите, за подоцна квалитетот да биде препознат. Следствено, квалитетно испорачаната услуга во делот на осигурвањето после настанатата штета, го зголемува интересот на осигурениците давајќи им дознање дека тие се во сигурни раце.