„СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, го гледам како компанија со голема енергија, динамика и незапирлива жедна амбиција!“ – Димитар Ѓоршевски, раководител на Сектор за правни работи

„СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР, го гледам како компанија со голема енергија, динамика и незапирлива жедна амбиција. Затоа сме лидери на пазарот на осигурувањето“ – Димитар Ѓоршевски, раководител на Сектор за правни работи

Уште еден Петок и уште еден работен ден кој зборува за успешно сработената недела во СН Осигурителен брокер. Кафе, чај и разговор со Димитар Ѓоршевски, раководител на Секторот за правни работи. Како вистински професионалец што го следи кодексот и работата на еден раководител во правниот сектор, Димитар е принципиелен, амбициозен, суштински дел од целосната структура на нашата компанија, лидер во делот на определување на правните норми кои го тангираат пазарот на осигурувањето. Позитивен, полн со енергија и секогаш достапен, нашиот колега не пречека во неговата канцеларија и дозволи да го запознаеме подобро, како на професионален, така и на приватен план.

Димитар, ќе ни кажеш ли кои се обврските на еден раководител за правни работи? Каква е целта на оваа професија?    

Целта на раководителот за правни работи е да го раководи, организира правниот сектор како и да одржува позитивна енергија на вработените во секторот. Имено, детално се координира и организира работата на вработените, се делигираат нивните надлежности и работни обврски поткрепени со моето искуство и знаење, во контекст на конструирање на една функционална целина.

Секторот за правни работи е „засегнат“ за спроведување на процесот за наплата проблематични долгови кои што потекнуваат по основ на склучени договори за осигурување. Како делокруг на нашата работа е изработка и поведување на стечајните постапки, тужби и други правни инструменти за наплата на долговите на должниците.

Должен сум да го водам и корпоративното управување во друштвото што подразбира, функционирање на органите на друштвото, со цел донесување на законите и издржани одлуки на раководниот орган.

Зошто баш оваа професија? Како започна да ја градиш твојта кариера? Случаен избор или план?

Немав никаква дилема во врска со професијата. Отсекогаш знаев дека сакам да бидам правник. Приказната започнува уште од моето детство кога ја посетив канцеларијата на мојот татко. Од тој ден, знаев кој е човекот кој сакам да го креирам. Имав јасен план, комплетирана слика за иднината и целосна визија.

Имено, средното образование го завршив во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Битола. Продолжив со студии на универзитет Кирил и Методиј во Скопје на Правниот факултет. Таму го завршив тој циклус од 4 години, а потоа, после студирањето, следеше задолжителната пракса од две години, што секако беше предуслов за полагање на правосуден испит.

Праксата се одвиваше во судот, бев практикант и учев од адвокати, па учев од работата на големи имиња во правната фела. „Финалето“ беше полагањето на правосудниот испит, за потоа конечно да започне мојот кариерен пат. Професионалното развивање започна во „Стопанска Банка АД Битола“. Започнав како референт за седници за потоа да продолжам како самостоен стручен соработник за правни работи. Позицијата референт за седници е тесно поврзана со овдешната функција во делот на корпоративното управување во СН Осигурителен Брокер.

Во Стопанска Банка, работев 12 години.Тоа беше големо искуство каде се учеше баш „школски“. Се работеше прецизно, според правила и прописи на работење. На прашањето како можеш да научиш да работиш по точно утврдени правила, би рекол дека можеш да научиш во банка. Така, тамошното искуство ми беше еден основ за напредување во кариерата. Би рекол, отскочен одзив за понатамошно континуално работење, што допринесе да стигнам до ова место каде што работам денес.

Тешко ли е да си правник?

Никогаш не е тешко ако ја сакаш твојата професија. Ако си ја сакаш работата. Тешко ми е да бидам математичар, правник не. Уште еднаш да се родам, повторно би ја избрал оваа професија и би го изодил истиот пат. Повторно би работел во СН брокер, место со посебна динамика и енергија.

А кога не си правник…? Како го пополнуваш твоето слободно време? Како и каде „акумулираш“ енергија за одново исполнување на работни предизвици?

Фудбалот е моја пасија. Човек може да ме види секој Понеделник и Четврток во седум часот на пладне на фудбалско игралиште. Неспорен е фактот дека физичката активност придонесува за надополнување на потребниот серотонин и секако адреналин кои потоа соодветно знаат да го облечат човек во амбициозен деловен кодекс.  

Како социјален тип, јас сум човек кој сака да ги негува пријателствата и уживам во средбите со нив. Во дискусиите и опуштена атмосфера. Остатокот од денот го поминувам во градскиот парк со моето семејство, а токму тоа е она најважното нешто кое ми дава сила за остварување на секоја една цел што ја имам замислено понатаму. Силата е онаа која ти резервира моќ за иднина. А таа се креира само со позитивна енергија која всушност секогаш започнува од домот.

Како ја гледаш компанијата?

СН Осигурителен брокер, го гледам како компанија со голема енергија и голема визија. Брзорастечка поради се поголемата динамика, незапирливата жед за уште погoлема амбиција од страна на секој поединец вработен тука. И токму тоа се тие постулати. Успешноста е резултат на добро организирана работа. Започнувајќи од раководниот орган па се до вработените и целиот тим. Секако, да не звучи многу нескромно, секогаш и секаде има простор за напредок и за подобрување на условите. Но, ние стремиме токму кон тоа. Би рекол дека како што има еден човек животен век каде што напредува, така и компанијата има еден пат кој што треба да го изоди до врвот. Но, СН Брокер има енергија за да освои повеќе врвови! Со добар план, организација и квалитетна работа од страна на професионалци, се доаѓа до тие резултати.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *