Градењето на квалитетен тим води кон одговорност и достапност за одговор на барањата на клиентот

Функционален тим значи поголема можност за постигнување таргетирана цел и поголема одговорност и достапност кон потребите на клиентот

Една компанија, не би била успешна доколку тимот не работи заедно, наоѓајќи конкретна солуција и за најтешките проблеми. Сето тоа, води кон подобрување на задачите на начин што вработените стануваат достапни кон барањата на клиентот. Од своја страна, финалниот процес е олицетворение на нешто што се вика одговорност.

Кога една компанија ја гради својата визија, го составува својот бизнис план, неминовна е и замислата за тоа кои ќе бидат членовите на тимот. Тимот е  оној кој ја креира таа визија, а не индивидуалецот. СН Осигурителен Брокер имаше мала визија, знаеше кон што претендира, што да освои, да понуди и што ќе биде, но свесноста дека тимот е оној кој го гради и на крајот го остварува успехот, е можеби клучниот момент со кој започна да се реализира лидерот на пазарот на осигурувањето во Македонија.

Следствено, како компанија која е свесна за улогата на вработените, СН Осигурителен Брокер се труди да создаде квалитетен тим на професионалци, со цел подобро да ги објасни услугите за клиентот. Се разбира, нашата цел е зголемување на свеста околу осигурувањето како нешто кое го тангира секој поединец.

Имаме јасна претстава за потребата на клиентот, но она што се повеќе стремиме да го постигнеме е како сето тоа да го презентираме, доближиме и конструираме како производ кој всушност не е трошок туку инвестиција во вашата иднина.

Во контекстот, нашата компанија се грижи за целокупната слика. Тим билдингот е исто така составен дел од градењето на мозаикот. Резултатите секогаш се очигледни и поради зголемената комуникација помеѓу колегите, вработените, го зголемуваме и квалитетот на услугите. Посочувањето на грешките е неминовно. Но, атмосферата во која тие грешки се посочуваат и истражуваат, е исто така вана. „Дискусија“ што често компаниите ја апстрахираат од своите планови.

одговорност, достапност, тим билдинг

Со тим билдингот и креирањето на активности кои значат дека сме општествено одговорни, се зголемува факторот на доверба меѓу поединците. Така полесно се решаваат и најкритичните проблеми. Според нас постојаната интерактивност помеѓу членовите, мотивацијата наместо демотивацијата се гради и преку тим билдингот кој продуцира поголема креативност. Така, понекогаш можеме полесно да конструираме солуција, кога сме „надвор од кутијата“, за потоа истата да ја имплементираме во канцеларијата. Со тоа, создаваме енергична, амбициозна и пријатна атмосфера во која сите вработени се подготвени за нови предизвици и работни обврски кои во фокусот го ставаат клиентот. Затоа што нему треба да му се одговори брзо и да се покаже ефикасност, достапност, професионализам, одговорност.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *