„Лесно е да си успешен во услови на погодна клима, но што кога непредвидливи фактори делуваат врз процесот?“ – СН Осигурителен брокер успешен и во најтешките времиња

„Лесно е да функционираш во време кога околу тебе нема нити една препрека! Но, што се случува кога на тој пат нема погодна клима?“

Што е успешна компанија?

Успехот се гради врз основа на тимскиот процес, работа, одговорност на членовите, вработените, менаџментот… Се разбира, и добриот и подготвен бизнис план на кој секогаш треба да се навраќате. И колку далеку да стигнеме, секогаш треба да се сетиме „за што“ започнавме. Која беше причината за да го направиме првиот чекор? Но притоа, јасната визија мора да вклучува и задолжителен план за непредвидливи настани кои можат да ги разнишаат стабилните чекори и тековните обврски од секојдневието. Затоа е важно будното следење на светските трендови. Но, освен тоа, неопходно е и подготвеноста да изреагираме во моменти кога „лоши“ и неочекувани фактори влијаат и не остваруваат погодна клима.

Можеби навидум е мала веројатноста на постоење кочници, но свесноста околу нив мора да биде развиена во секој момент.

Подготвеноста за тие „падови“ е елементарна во поглед на креирање на успехот. Задоволството од клиенти не се случува само во добрите денови. Всушност таков беше случајот и со Лојд, најголемиот водечки осигурителен пазар во светот. Имено станува збор за бродот Лутин, во тоа време транспортен брод кој бил осигуран од Лојд. Неговото последно патување се случило во 1799 година, кога пренесувал огромна сума на злато. Тоа изгледало како огромен пад на Лојд. Но, истовремено и првиот чекор кон успехот, затоа што сега гигантскиот пазар, ги подмирил дури и најневеројатните загуби. Тоа значи подготвеност во услови на неподогна клима.

Ние како осигурителна компанија и водечки лидер на пазарот на осигурувањето во Македонија, според бруто полисирана премија, вработени и реализирани штети, сме подготвени за непредвидливи настани.

Во своите постулати имаме „резервирано посебно место“ за добро сработен план. Истиот вклучува поминување и соочување со кризни моменти со кои всушност може да се соочи целиот свет. Од тука нашите задоволството на нашите клиенти, зборува за навремената исплата и во време кога си мислиме дека е најтешко.

Би го издвоиле случајот со пандемијата кога нашата компанија беше лесно достапна преку дигиталниот трансформација. Неопходност, која своевремено беше предизвикана од променетите услови на живеење кои ги создаде пандемијата на Ковид 19. Дигиталните решенија ја овозможија таа лесна достапност. Нудевме брзи и ефикасни решенија кои клиентот можеше да ги оствари од својот дом. Можеше да се избере најдобриот пакет за осигурување „он – лајн“ преку нашата веб страница.

Така, нашата компанија и покрај пандемиската криза што беше предизвикана од корона вирусот, ја имаше завршено 2021 година со позитивен финансиски резултат. За тоа, (во тоа тешко време), зборуваше Зоран Пејчиновски, главен извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола во интервју за бизнис магазинот Економија и Бизнис:

„Пејчиновски: Тоа секако не беше и сè уште не е лесен период за бизнис-секторот, но Осигурителното брокерско друштво СН Осигурителен Брокер успешно ги задржува лидерските позиции дури и во овие тешки времиња. Имено, друштвото уште од основањето има извонреден развоен капацитет проследен со значителни стапки на раст поддржани од високи годишни амплитуди на бруто-полисирана премија и веќе по првата година од функционирањето се позициониравме на врвот на осигурително брокерскиот сегмент на пазарот на осигурувањето во државава. Оттогаш континуирано сме на лидерската позиција во сегментот на осигурително брокерските друштва во Републикава по сите параметри, и тоа бруто-полисирана премија, број на експозитури и вработени, територијална покриеност и број на вработени лиценцирани осигурителни брокери.
Двоцифрениот раст на продажбата директно условува и раст на добивката низ годините. Континуираниот раст на бруто-полисирањето е јасен показател за сигурноста и стабилноста на СН Осигурителен Брокер. За илустрација, ако на почетоците во 2015 година бруто-полисираната премија изнесуваше 58 082 067,00 денари, растот е јасно видлив од тоа што во 2021 година друштвото оствари блиску 800 000 000 бруто-полисирана премија.“

СН Осигурителен брокер помогна и со финансиска поддршка и учествување во донации. Токму тоа покажа дека сме општествено одговорна организација и во време на непредвидливи настани и не погодна клима.

Нашата компанија продолжува да функционира и да нуди квалитетна услуга за клиентот дури и во најтешки времиња. Затоа што лесно е да се биде успешен како осигурителна компанија во благопријатна клима и поволни услови, но вистинската способност се гледа во ефикасното справување со проблеми и во непогодни услови, фактори и предизвици.

погодна клима