Сѐ започнува од мали чекори и едноставен танц, но секогаш може да заврши во голема „игра“ – Павлина Стојановска, дел од тимот на СН Осигурителен брокер

Се изградивме како успешна компанија и за брзо време ја освоивме лидерската позиција. За ова место, најзаслужен е секако нашиот тим, на кого се потпираме и градиме уште поамбициозни приказни.

Денес, разговараме со нашата колешка Павлина Стојановска – Сектор финансии и сметководство. Дел од тимот на СН Осигурителен брокер.

Вредна, амбициозна и позната по комплетната вложеност кон нејзината работа и сѐ она што го прави. Убаво е чувството кога навреме ги завршуваме обврските, а тоа се разбира започнува од утрото. За фактот дека Павлина е неуморна, зборува и нејзината неверојатна способнсот, веднаш да се фокусира на обврските.

Павлина како започна да се гради твојата кариерна приказна?

Се започна од идејата да бидам она што сум денес. Завршив на Факултетот за економија на Славјанскиот Универзитет, смер финансии и кредити. Во СН Осигурителен брокер сум веќе една година и тоа е навистина главен дел од мозаикот што сакам да го составам. Токму оној дел, кој ми недостасуваше.

Кои особини треба да ги има човекот кој сака навистина да успее на деловен план? Можеш ли тоа да ни го опишеш во неколку зборови?

Концентрација, фокус кон планот, концепт и подготвеност и успешен финиш кој е резултат на нашата тимска ефикасност!

Што прави Павлина откако ќе го заврши тој ден? Што е таа надвор од урбаните канцеларии на нашата компанија?

Јас сум сопруга, сакам да го поминувам слободното време со семејството. Секогаш ми значат и средбите со пријателите. Сметам дека, освен во работата, принципиелноста е исто толку важна и во приватниот живот. Добриот план, гради квалитетен живот.

Меѓу другото (ако зборувам во трето лице), Павлина е тренер за латино американски и стандардни танци. Сметам дека воопшто, дисциплината како навика која секој еден човек треба да ја поседува, започнува од мали години. Со првиот направен чекор на часови и редовниот тренинг, се разбира одговорноста кон одредена обврска, а пред сѐ, обврската кон самиот себе. Танцот влијае на самодовербата, движењето над подот, но и во животот. Во координацијата со оној кој танцуваш и со оној кој работиш. Во сопствената координација. Тоа е она нешто кое ме инспирира, опушта, подготвува за нови работни предизвици.

Се согласивме со Павлина и како финиш од оваа утрински петочна „кофеинска“ подготвеност, би се надоврзале на нејзиното размислување и би додале: Tанцот има посебна симболика која всушност е поврзана и со работниот процес. И најтешкиот чекор може да биде забава! Сѐ започнува од мали чекори и секогаш може да заврши во голема „игра“ на која секако може да се победи. На тоа место е денес СН Осигурителен брокер кој започна од мали чекори, а денес е изграден лидер во пазарот на осигурувањето.