Велигденската традиција продолжи во СН Групацијата

Велигденската традиција на бојадисување јајца денеска ја продолжија во СН Групацијата по повод Велигденските празници.

Велигденската традиција на вапцувањето на црвени јајца е најраспространетата традиција во сиот христијански свет. Првите Христијани почнале да вапцуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувјаќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! 

Бојадисување велигденски јајца во СН Групацијата

Во духот на овие велигденски традиции вработените во СН Осигурителен брокер АД Битола и СН Сообраќаен центар го одбележаа празникот. Имено, секоја година традиционално ги отпочнуваат велигденските празнувања со вапцување на велигденски јајца во разни бои. Секако меѓу нив се најде и нашата сина препознатлива боја по која ја распознаваат СН Групацијата.

„Велики Четврток за нас е посебен ден кога традицијата на вапцување на велигденски јајца. Тоа секако не спојува и ги нагласува големите вредности на заедништвото во кои ние искрено веруваме. Со вапцувањето на велигденски јајца сакаме да го збогатиме празникот. Со свежо вапцани јајца да им посакаме среќни празници на сите наши соработници и пријатели.“-велат од СН Групацијата. Тие упатуваат до сите верници од православна вероисповед најискрени желби за добро здравје, многу радост, среќа и мир во душата.

Според антрополозите, јајцата можат да се фарбаат од Велики четврток до Велика сабота. Посебната недела пред воскреснувањето на Исус е во знакот на семејството и фарбањето на велигденските јајца.

Црвените јајца дамнешна велигденска традиција

Јајцата кои се обоени со црвена боја се традиција уште одамна во историјата на човештвото. Според црковните преданија и нашата стара традиција востановено е дека три дена пред Велигден на Велики четврток се вапцуваат првите три Велигденски јајца.

Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршејќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскресение и нашето спасение: победата над смртта. Затоа, овој обичај е израз на вера во Христовото Воскресение и вера во воскресение на мртвите. Тоа е надежта во спасението и идниот живот. 

велигденската традиција

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *