„Чувството дека сум придонела за животите на луѓето околу мене, е мојот мотив!“ – Наташа Спанџевска – Сектор за приватно здравствено осигурување!

Страст. Тоа е тајната на секоја врвна кариера, а токму ова е местото од каде се раѓа успешната приказна СН Осигурителен брокер.

Штом  влегуваш во просториите на СН, ти пулсира некоја амбициозна мисла низ глава. Чувствуваш мотивација и позитива што знае да остане и после работа во текот на денот. 

Некаде низ првите часови на петочните утра, ја започнуваме рубриката: „Запознајте го СН тимот“.

Што е она што се случува зад нашите бироа? Кои се луѓето во нашата компанија?

…И додека пивнуваме голема голтка од утринското кафе, во една урбана, а сепак кежуал атмосфера, разговараме со нашата колешка Наташа Спанџевска.

Имено, Спaнџевска работи во Скопје, во секторот за приватно здравствено осигурување. Административна поддршка, склучување договори со клиенти, изготвување на целосна документација и нивно контактирање.

Наташа како се развиваше твојата кариера? Како започна оваа СН приказна?

Наташа: Работата со клиенти отсекогаш ме исполнувала. Така од сам почеток знаев дека токму тоа е она кое сакам да го работам.

„Отворена сум кон нови предизвици, па така започна и СН приказната:

Почувствував повик да ја променам својата кариера кон нешто големо. Нешто што ќе придонесе кон подобрување на животите на луѓето и тимот со кој работам!“

– Личниот развој и зрелоста кои доаѓаат со родителството, ме мотивираа да станам свесна за фактот дека сакам да бидам вклучена во нешто значајно.  Нешто што ќе донесе сигурност и безгрижност во животите на луѓето околу мене. Така се најдов во секторот на приватното здравствено осигурување.

И тука некаде стопиравме со деловниот опис, го спуштивме „официјалниот гард“, па со Наташа поразговаравме околу нејзиното секојдневие, хоби, животни цели…

Morrning person, кафе зависник или…?

Наташа: Секогаш сум за добровитаминизирано смути наутро. Ме полни со енергија и елан за работниот ден кој доаѓа.

Кон што се стреми Наташа? Каде се гледаш во иднина?

Наташа: Се стремам кон успех, на секое поле во животот. Постојан раст и развој на мојата личност, затоа што тука секогаш има работа. Сакам предизвици и сакам да ги исполнам, затоа што успехот потоа е задоволство, среќа, исполнетост. А нели тоа е целта за која се бориме.

Петок или Понеделник?

Наташа: Го сакам петокот, особено кога доаѓа по успешно сработена недела. Ми дава чувство на сатисфакција и исполнетост да знам дека работните обврски се навремено завршени. Сатисфакција дека клиентите се безбдни и доаѓа викенд, кој е резервиран за најубаво поминато време со семејството.

Како се одмараш? Посебно хоби?

Наташа: Сакам книги и обожавам прошетки низ природа.

Што те мотивира?

Наташа: Мислам дека сите треба да работиме кон тоа да донесеме барем еден процент позитивно влијание кон луѓето што не опкружуваат, на работа и приватно. Ме мотивира вреднување на труд, одржан ветен збор, добри луѓе! Ме мотивира моето семејство кое ми е најголема поддршка и инспирација. Ме мотивира сознанието дека сум дел од компанија која на своите клиенти им овозможува среќен, спокоен и безгрижен живот!

Комплетната посветеност, неспорниот интелектуален багаж, професионалноста и стручноста, се едни од причините за успешноста на нашиот тим.

Но, СН Осигурителен брокер, е повеќе од тоа. Еден од основните „виновници“ за врвните резултати каде нашата компанија се задржува како лидер, е сето она што се случува зад работните бироа на нашите колеги. Позитивната енергија, довербата и амбиентот се оние работи кои често ги забораваме, а се клучни за создавање на совршена атомсфера која финишира во успешна компанија што стреми да се задржи на врвот.

Приватно Здравствено Осигурување

Експозитурата се наоѓа на:
Улица: Партизанска 17, Скопје
Телефонски број: 075 252 375
info@snbroker.mk
www.snbroker.mk

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *