„Клиентите се двигател на нашата енергија“ – Билјана Јанкуловска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер

Петочен разговор со тимот на СН Осигурителен Брокер и утрински појадок со Билјана Јанкуловска – Референт за продажба

Во петок го запознаваме нашиот тим. Кои се оние кои стојат зад лидерот на пазарот на осигурување во Македонија? На појадок со Билјана Јанкуловска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер. Јанкуловска за нејзината професија веднаш ни потенцира: „Клиентите се двигател на нашата енергија“. Некако спонтано ја отворивме оваа тема.

Јанкуловска: Клиентите се двигател на нашата енергија. Стекнатата доверба од нивна страна, за нас значи позитивна афирмација и стремиме кон уште повеќе. Довербата на клиентите не прави уште побрзо растечки. Сметам дека многу е полесно да се создаде еден производ (тука го потенцирам секој успешен бизнис), но како тој производ ќе се објасни и доближи кон клиентот е многу потешко. За нас, е најважно да изградиме фер, лојаен и одговорен однос со клиентот. Тоа е онаа врата што понатаму ни отвара можности за зголемување на кредабилитетот за она што го нудиме.

„Клиентите се двигател на нашата енергија“ - Билјана Јанкуловска, референт за продажба во СН Осигурителен Брокер

Каде се гледаш во иднина? За што зборува твојата визуелизација?

Јанкуловска: Ме импонира предизвикот да остварам уште поголеми цели. Ја сакам оваа професија, а како референт за продажба во СН Осигурителен Брокер сум веќе шест години. Се разбира, мојот апетит не застанува тука. Во иднина заедно со тимот, се гледам во СН Осигурителен Брокер кој со вакво темпо ќе се искачи уште повисоко. Секако светла иднина не може да се креира без квалитетна соработка со колегите и клиентите.

Како се одвива ситуацијата во поглед на развојот на свеста околу растот на осигурувањето во нашата земја?

Осигурувањето е одговорност која секој поединец треба да ја има. Бројките околу заинтересираноста на граѓаните околу осигурувањето во споредба со изминатите години, кажуваат позитивни резултати во нагорна линија. Тоа ми кажува дека луѓето разбираат дека ова е неизоставен дел од животот и дека осигурувањето е инвестиција, влог во себе си и својата иднина. Сѐ повеќе се руши сфаќањето и стереотипот дека истото е трошок и стануваме свесни дека ризикот постои. Ние, како лидери на овој пазар во Македонија, се повеќе сакаме да ја објасниме суштината и колку е важно кога некој постојано се грижи за вас. Многу е поинакво чувството кога имаш каде да паднеш или кога некој ќе може да ти отвори чадор кога врне или барем да го ублажи падот. Нашите различни пакети се прилагодуваат на потребите и задоволните клиенти зборуваат за нашиот успех.

А надвор од канцеларијата, како ги полниш батериите? Што те прави успешна жена, кариеристка? Која е тајната за твојата позитивна енергија, упорност?

Пред сѐ, здравите навики. Здравиот начин на живот. Освен тоа, секој човек треба да си има свое место, катче, хоби. Нешто што не опушта и не подготвува за одново да освојуваме. Мене ме опуштаат патувањата. Посетувањето на урбани дестинации.

осигурителен продажба

Исто така, ме опушта мирисот на море, уживањето на егзотични плажи и жешкото сонце. Сакам да истражувам различни култури, традиции, да посетам актуелни и не толку актуелни и комерцијални дестинации. Сепак, би ги издвоила Палма де Мајорка и Ибица како топ места кои доколку постои можност, би требало да се во една задолжителна листа на оној кој го има истото хоби.

Имено, можам да речам дека сум упорна и се трудам да сум успешна. Сеуште го чекорам патот и мислам дека за да се прогласиш дека дефинитивно си успеал е крај. За мене е далеку од крај. Верувам дека еден ден сиот труд кој сум го вложила би ми се исплатил, но сепак не верувам дека тоа ќе застане само на еден ден. Токму тоа е она што го карактеризира нашиот тим. Не застануваме и кога најповеќе сме освоиле продолжуваме уште повисоко.

Билјана Јанкуловска – Референт за продажба

СН Осигурителен Брокер – Дирекција

Телефон: 078 439 224

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *