Континуираното вложување во едукација – Гарант за успех на една компанија што стреми кон лидерство во пазарот на осигурувањето

Во пазарот на осигурувањето исклучително е важно следењето на светските трендови

Континуираното вложување во надоградбата на знаењата на нашиот тим, зборува за успех кој неминовно се појавува. Посветеноста кон услугите и исполнувањата на барањата на граѓаните од наша страна, е наш приоритет. Како компанија што долго време се задржува на пазарот на осигурувањето, СН Осигурителен Брокер континуирано вложува во едукацијата на своите вработени.

Сметаме дека сето тоа е од суштинска важност. Од тука, според нас, евидентните резултати не би се истакнале само со следење на пазарот на осигурувањето. Tука се вклучува и континуираното растење и надминување на истиот. Ценејќи ја конкуренцијата и поддржувајќи ги нивните цели, како компании конзистентно се трудиме да го доближиме производот кој го претставуваме. Се разбира станува збор за осигурувањето. Свеста околу него се обидуваме да ја развиеме на различни начини. Штом вработените знаат и стремат кон свесност, „предизвикот“ е совладан. Она што го знаеме треба да го пренесеме. Потоа, веднаш да се концентрираме кон совладување на уште поголеми знаења кои се интересант на пренесување на информацијата околу важноста на нашиот живот и знаењето дека ризиците постојат.   

пазарот на осигурувањето едукација
pazarot na osiguruvanjeto

Во тој поглед, вработените треба да се едуцираат што повеќе. Тој процес не треба да биде еднократен, туку континуиран. Треба да се одвива низ целиот период на работењето од страна на тимот и претставува гарант за успех на една компанија.

Своите компетентности и вештини со едукацијата, вработените ги зголемуваат и тие стануваат експерти во својата област. Истото придонесува за успешна анализа на податоците, извршување на задачите и уште поголема прегледност кон она што го работиме.

Во свет кој се менува веројатно со брутална брзина, важно е да се следат трендовите, а истото би го постигнале само доколку имаме јасна слика. Не би можеле да работиме доколку не го знаеме производот. Што е она што го нудиме, колку тоа може да придонесе за доброто на клиентот.

Токму осигурувањето е она нешто кое зборува дека нашата професија е доблесна.

Како одговорна компанија, како кон клиентите така и кон вработените и тимот, сметаме дека едукациите, посетувањето на семинари и сите оние предавања што ги следат иновациите и брзиот развој  и општествените промени, се фундаментални во поглед на посебниот акцент кој постојано го нагласуваме: Осигурувањето не е трошок, туку инвестиција!