„Оние кои успеваат, тоа ѝ го должат на упорноста!“ – Интервју со Емилија Десановска – Менаџер на сектор доброволно приватно здравствено осигурување
Комплетно посветена, успешна и фокусирана. Нејзината темпераментна природа зборува за посебниот импулс кон животот што ретко кој го има. A доколку го има, или не знае да го препознае или не знае да го насочи. Morning coffee со тимот на СН Осигурителен Брокер. Разговараме со Емилија Десановска, менаџер во сектор доброволно приватно здравствено осигурување.
Секогаш утрински, Емилија знае да запее низ ходниците и се разбира уште на самиот старт од работниот ден да не потсети колку го сакаме она што го работиме. Со „гласна“ позитивна енергија, Десановска има заразна насмевка и оптимистички став.
И додека си правиме кежуал разговор, за животот, амбицијата, каде сме и што е она што не инспирира, Десановска не беше ни свесна дека ова е интервју кое ќе остане запишано на нашата официјална веб страна.
Денот ѝ започнува со музика, кафе и мото сместено во еден збор:„УПОРНОСТ“
-Сакам предизвици и големи таргетни цели, ни раскажа Емилија. Сметам дека човек е посилен кога има поголема цел од онаа од претходниот ден. А потоа денес размислувам како да го направам денот подобар и поуспешен од вчера и се прашувам дали сум блиску до она што го имам наумено за утре.
Мојата работа ја бараа таа упорност, па затоа „си одговараме“.
Оние кои успеваат, тоа ѝ го должат на упорноста!
Зошто баш оваа професија и кои се обврските со кои секојдневно се соочуваш?
Оваа професија е хумана. Динамична е, брза и мислам дека комплетно ме опишува. Често сум на терен, надвор од канцеларијата каде остварувам контактот со моите клиенти.
Би нагласила дека она што е значајно за оваа професија е да се има слух за клиентите во контекст на препознавање на нивните барања, потреби и преференции, па со транспарентен пристап да им се понуди нешто адекватно и оптимално.
Што ни нуди доброволното приватно здравствено осигурување?
Здравјето е највисок приоритет за секој човек. Вложувањето во доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор да обезбедите најдобра здравствена грижа.
Како општествено одговорна компанија, СН Осигурителен брокер не престанува и продолжува со акциите. Истите овозможуваат поволности за граѓаните во однос на обезбедување на приватно здравствено осигурување. Токму тука би ја напоменала и новата акција со која се овозможува попуст на полисата за приватно здравствено осигурување. Акцијата е организирана во соработка со СН Мото Центарот во Скопје, членка на СН Групацијата. Имено, „со секоја искористена услуга во СН Мото Центарот следуваат 15% попуст засекоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување од СН Осигурителен Брокер, кое овозможува лекување и користење на здравствени услуги во сите приватни здравствени установи во државата.
Надвор од деловниот кодекс, што ја релаксира Емилија Десановска, дел од тимот и нашата единствена приказна?
Музика, пријатели, колегите, убави луѓе! Има нешто во музиката. Знае да не направи тажни или да не расположи. Знае да не мотивира или да не смири. Според мене, музиката и тоа како влијае на нашиот живот и тековните обврски. Кога треба да бидеш смирен, слушај опуштена музика. Кога ти треба акција, слушај нешто подинамично! Музиката потсеќа, поврзува, сплотува. Мотивира!
Емилија Десановска
Менаџер на сектор доброволно приватно здравствено осигурување
Тел: 075 807 225
Улица: ул.Михаил Апостолски Дончо 7 – Битола