СН Групацијата во рамките на стратегијата за општествена одговорност обезбеди поддршка за годинашното издание на Џез фабрика фестивалот. Групацијата има долга традиција на поддршка на проекти од областа на културата вклучувајќи повеќе фестивали и културни настани.
„Особена чест и задоволство ни е да го поддржиме годинашното издание на џез фестивалот. Истиот годинава во Битола ќе донесе врвни уметници од светската џез сцена. Како дел од општествената одговорност СН Групацијата обезбеди поддршка важна за квалитетна реализација на програмата. Истата вклучува девет концерти и пет придружни културни настани.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
Реномираниот џез фестивал поддржан од СН Групацијата
СН групацијата ги препозна напорите на организаторите кои над една деценија го градат имиџот на фестивалот. Имено, Џез фабрика фестивалот е формиран во 2011 година како годишна работилница за младите да учат основи на џез музиката и да создаваат и развиваат интерес за импровизирана уметничка форма со фокус на креативноста и слободата.
Овој инвентивен пристап доведе до тесна врска помеѓу учесниците, што резултираше во создавање на неколку млади бендови и ги поттикна идните џез-уметници.
Врвни џез артисти го градат имиџот на фестивалот
Од 2018 година Џез фабрика фестивалот Битола се претвори во интернационален џез фестивал кој главно е фокусиран на презентација на врвните џез артисти од светот. Исто така, целта е поддршка на македонските џез уметници со промоција на нивните нови изданија, мрежно поврзување и стекнување искуство. Мошне е важна и мобилноста на уметниците и соработката со странски музичари и организации. Оттука фестивалот прерасна во препознатлив бренд на градот Битола. Воедно, успешно се етаблираше на македонската и европска џез сцена како фестивал кој ја негува современата и прогресивна музичка мисла.
Годишно се реализираат 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола. Програмата вклучува и настани во локалните клубови и културните сцени.
Меѓународни признанија го потврдуваат реномето на фестивалот
Посветеноста, безпрекорната организација и реализацијата на фестивалот беше препозната и од Европската Асоцијација на Фестивали ЕФФЕ. Така за периодот 2019 – 2020 година е доделен нивниот амблем за “Remarkable Arts Festival”. Џез Фабрика Фестивалот во 2020 година е избран од страна на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот за учество во програмата за соработка и асоцијација.
Од 2022 фестивалот е дел и од асоцијацијата на џез фестивали – Скопје во партнерство со Равне џез фестивал (Словенија), Трансилванија џез фестивал (Романија) и Кикинда џез фестивал (Србија). Од 2021 Џез Фабрика Фестивалот Битола е дел од проектот Франција – Балкан Џез Мрежа во партнерство со џез фестивалите од Франција, Дижон, Шамбери и Рона-Алпи, како и Балканските џез фестивали Нишвил, Подгорица и Тирана.