СН Групацијата ги претстави кариерните можности

СН Групацијата се претстави на Саемот за вработување и практиканство на Технички Факултет–Битола во соработка со бизнис секторот. Презентации имаа СН Сообраќаен центар и СН Осигурителен Брокер АД Битола. Двете се дел од СН групацијата во која се поврзуваат знаењето и практиката.

„На настанот ги претставивме услугите кои ги нудиме како СН групација. Ги претставивме и работните места и нивната структурна распределба. Исто така зборувавме за обуките и можностите за професионално усовршување на нашите вработени. Дел од сето тоа се и тим – билдинг активностите кои го јакнат духот на нашиот тим.“, вели Билјана Велјановска од СН Сообраќаен центар Битола.

СН Сообраќајниот центар најинтересен за студентите од техничките профили

СН Сообраќајниот центар ги промовираше и услугите за зачувување на безбедноста на возачите и моторните возила. Имено, тие се чинители во сообраќајот и затоа е важна проверката на техничката исправност на возилата. Тоа се врши во станицата за технички преглед во склоп на Сообраќајниот центар. Истата е опремена со најсовремена опрема потребна за проверка на моторните возила по највисоки стандарди.

Велјановска нагласи дека СН Сообраќаен центар на своите клиенти им нуди повеќе услуги во техничката служба. Тука спаѓаат издавање на А – тест потврди од сите типови (фолии, кука, плин), хомологација, легализација, ЦЕМТ, ПТЕУ – потврда за техничко експлоатациони услови. Тука се и услугите за издавање на меѓународни патни исправи кои стануваат се поактуелни во пресрет на празниците и продолжените викенди, како и летните одмори.

Презентирани работните позиции

За да ја ислустрира природата на работните обврски во центарот, посочува дека за комплетен технички преглед и регистрација на возилото неопходна е соработката со референт од МВР. Тој е е во склоп на СН Сообраќаен центар. Тука исто така се добиваат услуги за брзо и навремено плаќање фактури. Дел од работата е и испраќање на потребни документи преку соработка со МК Пошти. Воедно тука е и СН Центарот за моторни возила. Во него со најсовремена опрема се врши проверка и поправка на возилата од страна на стручен и обучен тим.

Преку ваквите информации студентите имаа можност да се запознаат како изгледаат работните обврски и работните места во СН Сообраќаен центар. Тие се особено интересни за студентите од техничките струки.

„На саемот за вработување студентите од Техничкиот факултет во Битола се информираа за работните позиции  во СН – групацијата. Соработката меѓу двете институции е повеќе од потребна и обострана.  Студентите беа мошне заинтересирани за пракса и вработување. Воедно многумина изразија и желба лично да дојдат во посета на СН Сообраќајниот центар и на лице место да се информираат за отворените работни позиции.“-вели Велјановска.

Студентите се интересираат за практикантските програми

Студентите кои го посетија денешниот саем исто така покажаа голем интерес за практикантската програма на најголемото брокерско друштво од областа на осигурувањето СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Саемот за вработување и практиканство е одличен начин да се воспостави првата комуникација меѓу студентите и компаниите. На ваков начин компаниите ја презентираат својата дејност, можностите за практикантство и отворените работни позиции, а студентите имаат можност и самите да се претстават пред потенцијалните работодавачи. Програмата за практиканти која СН Осигурителен Брокер АД Битола ја реализира во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола привлекува голем интерес бидејќи им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата. Toa има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса.“-вели Анета Шијакова, маркетинг менаџер во СН Осигурителен Брокер Битола.

СН Групацијата го поддржува кариерниот развој на младите

Од компанијата нагласуваат дека соработката на студентите и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите. Тоа е особено значајно за нивното напредување на пазарот на трудот.

„Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ги поддржи младите во нивниот кариерен развој. Настојуваме да го поттикнеме потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување. И практикантските програми и настаните како што е самот за вработување нас ни овозможува поврзување со квалитетен кадар. Tенденцијатa e зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-вели Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *