СН Групацијата ќе се претстави на Саемот за вработување

СН Групацијата, во чиј состав се најголемото брокерско друштво од областа на осигурувањето СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќајниот центар, ќе ги претстави можностите за младите на Саемот за вработување и практиканство. Саемот ќе се одржи на 27 март на Техничкиот факултет во Битола. На ваков начин компаниите ја презентираат својата дејност. Студентите имаат можност и самите да се претстават пред потенцијалните работодавачи. Исто така, ќе можат да ги изнесат своите идеи и барања за овозможување практиканство.

Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува програма за практиканти. Преку неа настојува да го поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.

Програмите за практиканти даваат можности за младите

Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата. Дел од тоа е во областа на осигурувањето која ја избрале запишувајќи се на Факултетот за туризам и угостителство.

Истата се реализира како дел од соработката на СН Осигурителен Брокер АД Битола со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“.

„Преку практично запознавањето со сите сегменти на нашето работење, на студентите од соодветните струки им овозможуваме практикантска работа. Toa има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса. Tенденцијатa e зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Од СН Осигурителен Брокер велат дека соработката на образовниот кадар и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите. Тоа е особено значајно на пазарот на трудот.

Имено, стопанството во регионот има реална потреба од квалитетен кадар. Притоа настаните како Саемот за вработување и практикантство имаат за цел да ги спојат младите кадри и компаниите.

СН Сообраќајниот центар ќе ги претстави можностите за техничките кадри

Пред битолските студенти ќе бидат претставени и капацитетите на СН Сообраќајниот центар Битола. Со својата Станица за технички преглед и Сервис за моторни возила, тој е мошне интересен за техничките и машинските кадри.

Така, на штандовската презентација битолските студенти денеска на саемот ќе имаат можност да се запознаат со работењето на една од најмодерните станици за технички преглед во земјата.

Вклучувајќи се во активности како што е учеството на саемот за вработување и практикантство, СН Групацијата во рамките на стратегијата за општествена одговорност во континуитет ги поддржува иницијативите од образованието, како особено значајни за зајакнување на капацитетите на младите.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *