Сопствената заштита како приоритет за семејната сигурност

Семејството е важно, но најважните сме самите ние. Сопствената заштита е приоритет за семејната сигурност

Зошто? Затоа што членовите од семејството и нашите најблиски треба да гледаат во нас како оној кој ќе ги заштити. Оној кој ќе им обезбеди светла иднина и сигурност без разлика на случувањата.

Оттука е најважен нашиот живот и осигурувањето кон него

Малку е ужасно да размислуваме што би се случило ако нас не нема, но навистина што би се случило? Колкава би била болката и тоа не само емотивната, туку и финансиската. Сигурно не би сакале да ги оставиме нашите најдраи најблиски во позиција во која би доживеале емотивен и финансиски удар. Во позиција на крахирање после нашето заминување. Ризиците постојат и одговорно е да се перцепираме како силни луѓе кои во моментот кога ќе го видат својот одраз во огледало, ќе видат една личност која се фокусира кон заштита најпрво на сопственото јас. „Јас“ кое понатаму ќе се грижи за целата приказна, наречена семејство.

Сопствената заштита како приоритет за  семејната сигурност

Тргнуваме од грешките, а не од фактот дека тие можат да се случат

Зошто воопшто треба да чекаме нешто да се случи за да сфатиме каде сме погрешиле? Зошто воопшто мора да го чекаме тоа „доцна” кое може да премине во ужасна последица за која нема враќање назад. Надоврзувајќи се на ова, токму таа е правилната перцепција на ризикот кој не би се разбрал како сеприсутен или нешто кое постојано се повторува, туку би се сфатил како соочување со нешто кое може да не дефокусира од плановите за конструирање на сето она што сме го замислиле.

Она што сме го граделе сакаме да биде безбедно, да го оставиме во вистински раце кои ќе се грижат за нас и нашата сигурност.

Затоа како компанија која ветува дека е од ваша страна, ги нудиме тие осигурувања со кои ќе инвестирате во вашата иднина и најскапоценото нешто од кое треба да тргнете за да ги заштитите сите околу вас. Вашиот живот!

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *