„Храброста доаѓа од нас како поединци и со тоа што го осигураме нашиот живот, им даваме поддршка на нашите најдраги“ – Аријана Крацоска, тимот на СН Брокер

„…Со тоа што го осигураме нашиот живот, им даваме поддршка на нашите најдраги!“  – Аријана Крацоска – референт за продажба во СН Осигурителен Брокер, експозитура Струга

СН Осигурителен Брокер претендира кон подигање на свеста околу осигурувањето како најзначајното нешто кое ви нуди спокојство и мир нa умот. Постојано иницираме начини за подигање на таа свест да го осигураме нашиот живот. Така, со претензија за уште повеќе, нашата компанија има свои експозитури низ многу градови во Македонија. Денес е Петок, а ние утрински си разговараме со Аријана Крацоска која се наоѓа во нашата експозитура во Струга.

Аријана е референт за продажба и околу нејзиното работење во СН Брокер, ќе рече дека има стекнато неверојатно искуство. Приказна која започна пред пет години и сеуште трае.

осигураме живот
osigurame zivot

Нашата компанија ги следи трендовите на светот и за разлика од други, ние не гледаме назад. Не би сакала да зборувам алудирајќи кон некоја конкуренција, туку сакам само да кажам дека СН Осигурителен Брокер оди напред. Не се враќа назад и не го погледнува она што било. Секако, јас и мојот тим, како и целокупниот тим и сите вработени во експозитурите низ Македонија, учиме од грешките. Осознаваме сѐ повеќе нови работи и се трудиме да отвориме нови хоризонти кои сепак ќе го штитат нашиот клиент. Ме радува фактот што свеста околу осигурувањето во нашите простори е зголемена, а тоа зборува за нашето позитивно влијание за нашата работа.

Која е Аријана откако ќе го испие утринското кафе, ќе го започне денот (од она што го знаеме) со позитивна енергија, ќе работи до падне, а потоа ќе финишира со успешно сработени обврски? Која е Аријана надвор?

Аријана всушност после работно време, останува дома. Токму домот е моето катче во кое се одморам и црпам инспирација. Не ја трошиш љубовта ако црпиш инспирација од неа. Напротив ја зголемуваш, умножуваш, дуплираш. Инаку сум сопруга и имам три ќерки кои се веќе големи и знаете оној период со детските каприци, растење и учење полека заминува. Семејството е најскапоценото нешто за кое треба да се грижиме. Треба да му обезбедиме сигурност, а од тука треба ние како поединци да бидеме здрави и едноставно живи. Храброста доаѓа од нас како поединци и со тоа што го осигураме нашиот живот, им даваме поддршка на нашите најдраги.

осигураме живот
osigurame zivot

Така го завршивме ова утринско кафе и спокојни дека ние го имаме осигурано нашиот живот, одговорно се посветуваме на сите аспекти од нашиот живот. Денес продолжуваме да се фокусираме кон работата, за потоа петочно да му се израдуваме на викендот и заслужениот одмор.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *