Постојаното инвестирање и вложување во нови знаења и обуки на младиот перспективен кадар, значи инвестиција во иднината
Како централен дел од нашата стратегија за успех, е континуираното вложување во нови обуки и знаења. СН Осигурителен брокер е општествено одговорна компанија. Токму затоа се грижи околу надоградувањето на тимот, вработените како и стремежот кон уште повеќе инспирација, идеи и мотив кој секако е одлика на младиот човек. Не само што соработуваме со млади луѓе, туку исто така и се грижиме околу нивниот професионален раст. За нас, вложувањето во младиот кадар и неговиот професионален раст, значи раст и за нашата компанија.
Инвестицијата во образованието, праксата, посетувањето на одредени семинари кои се поврзани со нашата дејност, стручни курсеви и стекнување на квалификации кои понатаму ќе котираат во првите редови во однос на конкурентноста, е наша примарна цел. Сето тоа доведува до подобра екипираност и ефикасност. До слобода на изразување за нови концепти и идеи.
Мотивацијата наместо демотивацијата, координираноста, напорната работа и посветеноста се основни елементи за прогрес
Презентацијата на материјалот кој треба да го совлада тимот, е од особено значење. Ненаметливиот пристап и објаснувањето дека она што се учи е нешто кое ќе придонесува за нивниот понатамошен кариерен развој, зборува за нашите позитивни резултати. Мотивацијата, наместо демотивацијата, сметаме дека е клучниот пристап за успех. Самодовербата е онаа која понатаму се развива во професионалност. Но, секако тука е и објаснувањето за свесноста дека во секоја работа постојат ризици и можат да се случат грешки. Нашиот успех се темели и е одраз на балансираното работење и управувањето со тимот, на експертизата и посветеноста.
Долгорочниот раст и позиционираното место како лидер на пазарот на осигурувањето е резултат на инвестицијата во образованието на младите. Инвестирањето во нив значи инвестиција во иднината. Со тоа се следат светските трендови и иновации кои го носат својот придонес за уште подобри услови за клиентот. Посетувањето на обуки и работилници што се поврзани со областа, најпрво ја подигнува нивната свест која понатаму треба да се имплементира во заедницата. Свеста околу осигурувањето како одговорност и нешто кое секој човек треба да го поседува. Инвестицијата во себе значи дека сме заштитени од непредвидливите ризици и непланираните случувања кои можат да не дефокусираат од нашиот таргет.