4 Причини зошто е важно животното осигурување

Со животното осигурување добивате комплетна финансиска заштита!

Животното осигурување не е само „инструмент“ за заштита, туку е моќна алатка за финансиска заштеда. Инвестицијата во него, не ги акцентира само основните познати постулати. Животното осигурување има улога на катализатор. Процес што нуди финансиска стабилност и заштита за постигнување на долгорочни цели. Следствено, со договорот за избор на ова осигурување, би рекле дека истото е и интегриран план за финансиска стабилност.   

Психичка заштита

Животното осигурување нуди мир и спокојство дека сте презеле превентивни мерки за финансиска безбедност. Преземајќи го овој чекор, осигуреникот знае дека создал стабилна иднина за себе и за своите најблиски. Токму тоа создава психичка стабилност која произлегува од комплетната заштита што ви ја нуди истото. Токму тој мир е извор на големо задоволство, спокоен живот и долгорочна среќа.

Штедите

Со склучувањето полиса за осигурување на живот, во СН Осигурителен брокер, истовремено добивате осигурување и штедење. Договорениот износ на кој се склучува ова осигурување, зависи од висината на премијата (која се уплаќа месечно, квартално, полугодишно или годишно), избраниот период на траење на осигурувањето и пристапната старост на осигуреникот. Осигурувањето на живот може да се договори да биде во евра или во денари. Може да се осигураат здрави лица од навршени 14 до 65 години.

Околу нашите усуги, прочитајте повеќе тука.

Животот нема реприза и најбесценетото нешто

осигурување живот

Секогаш може да се обидете повторно да репрезирате некое искуство во кое сте погрешиле, некој работен проект или можеби едноставно повторно видување со драга личност. Но, она што нема репризно издание и не се повторува е самиот живот. Мудрата организација на самиот живот е доблесна особина која човекот ја носи во себе. Активацијата на добро промислените одлуки, значи дека знаете по кој пат чекорите. Дека сте сигурни, со зрел пристап. Така, најважно од се е заштитата. Овозможувањето заштита кон себе и кон вашите најблиски . Меѓу мноштвото одлуки, најсериозната е да го осигурате вашиот живот.

Животното осигурување го „почитува“ тој презент и ве штити од  непосакуваните ризици кои можат да ве вратат неколку чекори.