Младите се незаменлив дел од креирањето на успешна компанија – СН Осигурителен Брокер го препознава нивниот потенцијал

Младите се незаменлив дел од креирањето на успешна компанија

Компаниите кои стремат кон високи резултати и усовршување во својата дејност, знаат да го почитуваат и препознаат потенцијалот на младите. Младите се незаменлив дел од креирањето на успешна компанија. Како општествено одговорни, СН Осигурителен брокер, ја почитува и поддржува иновативноста на младиот иден кадар. Според нас, тие се наша иднина, иноватори, креатори. Имајќи го тоа во предвид, разговараме со Дарко Филевски, практикант во СН Осигурителен Брокер. Филевски студира на Правниот Факултет Кичево, на дисперзирани студии во Битола, при универзитетот „св. Климент Охридски“. Нашиот повод за овој разговор е искуството на Дарко и работата како практикант во нашата компанија.

Дарко како се роди идејата за студиите на правен факултет? Во прашање се  планови кои си ги креирал одамна или…?

Филевски: Запишувањето и студирањето на Правниот факултет, беше планирано уште од средношколските денови. Најпрво, се разбира, целта ми беше да го завршам средното образование со високи оценки, за да можам да бидам дел од истоимениот факултет. Визијата беше јасна и знаев дека ќе ја сакам оваа работа во иднина. Дека ќе го дадам максимумот најпрво во учење и совладување на материјалот и ќе стекнам големо знаење од областа на правните науки.

СН Осигурителен брокер го почитува потенцијалот на младите како општетсвено одговорна компанија

Што може да кажеш за практикантската работа во нашата компанија?

Филевски: Морам да кажам дека СН Осигурителен брокер, ги исполни сите мои очекувања. Сакам да се заблагодарам за можноста што ми е овозможено праксата да ја извршувам токму во вашата компанија.

Секојдневно учам многу работи, методи, стекнувам плус знаења кои понатаму ќе значат многу за мојот кариерен развој. Сфатив што значи самосталност во работата, но и тимска работа. И двете многу важни елементи за градење професионална кариера. Имено, би сакал да потенцирам дека имам можност да учам од вистински професионалци и секако нивните совети би ги применил во иднина. Ова е голем бенефит кој СН Осигурителен брокер го овозможува за младите. Вие го гледате нашиот потенцијал, а токму тоа зборува за вашето мото од секој аспект. Освен вашите услуги поврзани со дејноста осигурување, вие сте општествено одговорна компанија која навистина сериозно се фокусира кон нашата претензија, еден ден да бидеме дел од ваква успешна приказна. Ја поддржувате иновативноста, инклузивни сте и имате слух за нас.

потенцијалот на младите
Имаш ли можеби плус идеи кои би ни ги посочил?

Филевски: Во моментот не би посочил ништо што би можеле да го промените во вашата компанија. Вие функционирате одлично. Ги следите светските трендови, имате квалитетен амбициозен кадар кој постојано создава, работи тимски, има идеи, а за тоа зборуваат и резултатите.

Мојата кариера би ја градел врз основа на добро подготвен план, а тоа би значело дека во моментов сум на првата точка од моите правила кој ќе ме донесат на она место кон кое стремам. Ова е моментот кога учам и црпам инспирација. Во меѓувреме го следам ритамот на работење кај нас и светското пулсирање во поглед на конструирање успешна деловна цел. Затоа, најпрво учам од досегашните искуства, а потоа следи креацијата од стекнатото знаење.

Би рекол дека сепак сум млад, но тоа не значи дека во иднина кога ќе стекнам поголемо искуство не би имал некоја  идеја, а вие како компанија знам дека ќе ја разгледате и ќе ја цените мојата искреност.

СН Осигурителен Брокер им нуди можности на младите да ги развијат своите вештини и да растат до лидерски позиции. Како општествено одговорна организација, сметаме дека менторството и поддршката може да бидат клучни за нивниот професионален напредок.

1 thought on “Младите се незаменлив дел од креирањето на успешна компанија – СН Осигурителен Брокер го препознава нивниот потенцијал”

  1. Pingback: Инвестицијата во младиот кадар е инвестиција во иднината

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *