Искуството како оценка за проектирање на идни настани – Препознајте ги грешките и осигурајте ја иднината!

Анализата на минатите настани, од еден аспект може да значи и дека ја оценувате тековната ситуација. Со актуелниот (моментален) пристап кон ситуациите, ја споредувате вашата сегашност со она што се случило во минатото. А потоа, врз основа на дадените проценки и факти, мислите дека знаете што да правите. И знаете какви чекори може да преземете во иднината.

Не мора да значи дека сè било така сјајно, но и обратно. Дали тоа значи дека ако во минатото сте избегнале непосакувани и немили настани и сте се сопнале од извесен ризик, истиот нема да се појави во иднина? Имплементацијата на ова прашање е всушност круцијална кога станува збор за будење на свеста околу осигурувањето. Дали приоритетноста на разгледување на ваквиот проблем значи дека треба да зависите од некој минат факт, случување, дејствие. Дали тоа е цврста подлога која одговара на прашањето за тоа што ќе се случи во иднината, во вашата иднина?

Искуството како оценка за проектирање на идни настани – Препознајте ги грешките и осигурајте ја иднината!

Со други зборови, дали она што ви се случило некогаш, може да значи дека истото ќе се повтори? Секако, одговорот е во негативна конотација и всушност ја брани неизвесноста. Не знаеме што не очекува во иднина, но одговорно е како индивидуи да конструирате импакт кој ќе ја регистрира можноста од ризикот во тоа „утре“ и свесноста околу него.

Искуството како оценка за проектирање на идни настани – Препознајте ги грешките и осигурајте ја иднината!

Убаво е да сме спокојни, но за спокој треба да знаеме дека имаме каде да паднеме. Токму затоа го потенцираме осигурувањето како неизбежна карика. Како вредна основа за создавање на живот во кој ќе чувствувате спокој и мир. Во кој нема да се трудите да мислите дека воопшто некаде сте погрешиле и воопшто да си ја задавате таа задача да правите паралела помеѓу минатите настани и она што допрва следи. Имајте ја предвид можноста на ризикот, колку и таа до сега никогаш да не ви се случила! А за да заборавите на стравот, осигурајте се.

СН Осигурителен Брокер е вашиот партнер и пријател во најголемите невремиња и во моменти кога дождот може да делува како најголем стрес. Бидете спокојни и започнете веднаш да креирате идеално „утре“ во кое ќе се чувствувате спокојни, знаејќи дека некој секогаш е на ваша страна. Повеќе за нашите услуги, разгледајте ТУКА. “

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *