Адаптирајте го планот за осигурување во временска рамка која дозволува прилагодување на вашиот буџет!
Еден од познатите митови за осигурувањето е тоа дека не секој има доволно буџет и финансиски средства за да го осигура својот живот. За да го осигура своето здравје, имот и сето она што му значи. Дека не може да го осигура ризикот. Од тука следи и лажниот факт кој прозвучува дискутабилно, влевајќи ви страв и несигурност. Истиот, го истакнува осигурувањето во поинаква смисла, комплетно погрешно разбрана и конструирана. Митот, потенцира дека понекогаш не можеме да бидеме одговорни кон себе си колку и да е тоа по наша волја.
Ова е апсолутно неточно и вистината е комплетно спротивна!
Од особено значење, нам ни е да сфатиме дека како индивидуи за да бидеме одговорни, најпрво треба да бидеме свесни околу ова прашање. Откако ќе ја освестиме таа идеја, тогаш можеме да започнеме со добар план. План кој не треба да инсистира кон задолжителен влог на голема сума. Како партнер кој се грижи за вашата иднина, нам ни е особено важно да не се почувствувате загрозени во контекстот. Напротив, целта на осигурувањето е да се почувствувате мирни и спокојни, имајќи предвид дека некој секогаш се грижи за вас и се разбира е на ваша страна, што го потврдува и нашето мото.
Откако ќе се направи планот, следи договорот кој ќе го вклучите, но пред сѐ, нашите консултанти можат да ви објаснат како подобро да се адаптирате со оглед на вашите финансии. Плејадата од можности, можат само да ве направат поодговорни кон себе си. Секогаш имајте го во предвид моментот кој треба да ви биде приоритетен, пиедестален: Осигурувањето е инвестиција, а не е трошок!