„Одговорноста е најголемиот квалитет. Значи темпо, акција и упорност!” – Симона Ангеловска, администратор во сектор Приватно Здравствено Осигурување

Во петок разговараме со тимот – Симона Ангеловска, администратор во сектор Приватно Здравствено Осигурување во СН Осигурителен Брокер.

Позитивна енергија и подготвеност за уште еден работен ден. Вака ни започнува и овој петок во деловните простории на СН Осигурителен Брокер. Секако, пиеме утринско кафе и разговараме околу нашите обврски. Што сме завршиле и што ни преостанува за да ја заокружиме работната недела. Разговараме со Симона Ангеловска – Администратор во сектор Приватно Здравствено Осигурување во СН Осигурителен Брокер.

Осигурување во СН

-Сакам кога денот ми започнува со музика и песна. – вели Ангеловска низ широка насмевка. – Сметам дека понатаму таа „музика“ ја носиме низ работните часови. Од нас зависи дали ќе се движиме по истиот такт и ќе го задржиме фокусот. Затоа, преферирам да биде тоа брз ритам. Импулс кој ќе се задржи во текот на денот.

Симона дали е ова твое прво работно искуство и што можеш да кажеш за нашата компанија? Што значи да си дел од една компанија која е лидер во пазарот на осигурување во Македонија?

Запозната сум со оваа професија и пред да станам дел од овој тим, работев во брокерско друштво, во компанија околу пет години. Навистина се пронаоѓам во мојата работна позиција, а за СН приказната, од моја гледна точка, можам да речам дека најпрво е сместена во еден збор „одговорност“. Потоа, следи упорноста, амбицијата и секако јасната визија и план кон што стремиме, кон целта. Збор кој ние го кажуваме во множина. Имаме повеќе цели и не застануваме. Позитивните резултати зборуваат за нашата професионалност и посветеност околу подигнувањето на свеста за осигурувањето. 

Кафе или…?

Сите убави приказни започнуваат со утринско кафе и пријателски разговор.

Осигурување во СН

Според кој „ритам“ танцуваш надвор од нашите канцеларии после работното време?

Оној ритам кој го препознаваат сите жени на светот (особено мајките). Најбрзиот. Твист. Надвор од кариерните претензии, јас сум сопруга и мајка на малечко девојче. Се радувам на секоја нејзина насмевка и со возбуда ѝ го покажувам светот. „Музиката“ ми продолжува дома и ритамот е уште поинтензивен. Тоа значи дека продолжува уште една професија што е уште потешка. Професијата родител.

Кој е најголемиот квалитет што треба да го има една успешна деловна жена и мајка?

Одговорноста е најголемата цел. За да се постигне, треба да имаш големо CV кое во себе има големо искуство, падови и воздигнувања. Одговорност значи темпо, акција и упорност! Токму затоа сум дел од оваа СН Приказна.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *