Непредвидливите случувања се составен дел од животот. Затоа грижата околу сопствениот живот секогаш треба да биде присутна. Свесноста околу ризикувањето за момент да изгубиме нешто важно, значајно или нешто на кое сме работеле напорно, е одамна присутна во сеопштото постоење и разумните одлуки на човекот. Така, ги осигуруваме нашите домови, здравјето, нашите автомобили, имот. Се со цел да се заштитиме од овие ризици.
Од тука, добро знаеме дека изборот на соодветно осигурување е најзначајната почетна точка. Карика од која започнува да се создава и гради одговорност кон себе си и она што не опкружува.
Имено, многу земји низ светот имаат компании кои нудат приватно осигурување се со цел да ги заштитат своите граѓани. Да ги заштитат од неприлики и незгоди кои непредвидливо можат да имаат катастрофално влијание врз финансиската состојба на поединецот.
Осигурувајќи се, можеме да бидеме сигурни дека ако нешто се случи, има некој кој ќе ни помогне. „Убаво е кога некој е секогаш на ваша страна“, како што всушност говори и мотото на СН Осигрителен брокер.
Будење на свеста за грижата околу сопствениот живот – Создавање на првите осигурителни компании во САД
Разгледувајќи некои од податоците на интернет, запловивме низ еден времеплов. Таму, наидовме на занимливи факти во поглед на основањето на првите осигурителни компании низ светот.
Бенџамин Френклин е името кое стои зад некои од првите обиди да се оствари таа цел. Цел која можеби на почетокот и не била толку конкретна како што е денес. Имено, Френклин бил сериозен господин, американмски државник, талентиран писател, философ, физичар, како и економист. Неговата маестрална способност да дејствува во многу полиња во времето во кое живеел, денес е нешто на кое многумина се восхитуваат.
Френклин и неговиот придонес
Френклин и неговиот придонес во создавање на конкретни идеи поврзани со прашањата за заштита на човечкиот живот како понатамошна грижа на осигурителните компании.
„Заштеден денар е заработен денар!“ – Цитат на Бенџамин Френклин.
Бенџамин Френклин е роден во Бостон на 17 Јануари 1706 година. Неговиот живот завршува во Филаделфија на 17 Април 1790 година.
Меѓу многуте професии, стремежот кон постојано создавање, борба за слобода, човечки права, во неговиот живот се издвојува и бунтовноста кон се она кое сака да го уништи човекот.
1736 година – Родена е првата противпожарна компанија
Пожарите биле честа појава во САД. Но, луѓето во тоа време не наоѓале конкретна алтернатива за да го спасат својот живот. Тогаш Френклин, во својот весник напишал анонимно писмо во кое ставил ужасни фотографии. Тоа биле луѓе кои скокаат од прозорци, повредени и беспомошни или живи запалени. Отсликувајќи ја ужасната реалност, овој човек всушност го претставил првиот аларм за свесноста на човекот за заштита од пожар. Во исто време посочувал кон будење на свесноста околу грижата за сопствениот живот. Писмото, или текстот преку кој се обраќал до сите граѓани на Пансливанија, било именувано како: „Заштита на градовите од пожар!“
За големо изненадување, сето ова функционирало, па така во 1736 година е роден првиот американски доброволен противпожарен оддел. Родена е противпожарна компанија која се состоела од 30 волонтери меѓу кои: Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Семјуел Адамс.
Набргу се појавиле и други компании и клубови низ Филаделфија, а потоа и низ 13-те колонии.
1752 година – Пресврт и појавување на првата компанија за осигурување од пожар во САД
Свеста за себе си и грижата за сопствениот живот и одговорниот пристап, станала основа за развивање на конкретната идеја. Истата се нареува Прва најстара осигурителна компанија од пожар во Aмерика. Основана е од Бенџамин Френклин во 1752 година под името на Филаделфиската асоцијација за осигурување на станбени згради од штети предизвикани од пожар. Потоа во Либек и Бремен биле основани компании за осигурување на морето.
1850 година – Основање на „Френклин“ – осигурителна здравствена компанија со седиште во Масачусетс
Со седиште во Масачусетс осигурителната здравствена компанија „Френклин“, во 1850 година , започнала да нуди услуги. Тие вклучувале осигурувања од несреќи на работниците во железничката индустрија, екипажот на опасните парабродови и други професии со висок ризик. Како што пазарот растел и се развивал, компанијата се инволвирала и нудела свои поволности и услови и во други побезбедни професии. Токму тоа, придонело за нејзиниот раст како и за развојот на свесноста на граѓаните за грижата околу своето здравје.
Во истиот период, тие започнале да сфаќаат што е она што е круцијално и неопходноста при покривањето на трошоци за медицински операции во тој период.
Токму за оваа свест, за грижата околу финансиските непредвидливи трошоци во поглед на здравјето, зборува весникот oldest.org: „Во минатото, според таканаречениот модел на плаќање за услуга, пациентите беа одговорни за покривање на сите медицински трошоци од својот џеб. Болниците почнаа да нудат однапред платени планови за трошоци како начин да ги олеснат овие еднократни трошоци. Овие планови им овозможија на пациентите да плаќаат мали суми на месечна основа за да ги надоместат трошоците за идните посети.“
После извесно време, во 1860 година, според истражувањата, компанијата Френклин станува прва комерцијална компанија за здравствено осигурување. Истата во подоцнежниот период, се развива и во комапнија за животно осигурување.