Денес разговараме со Ева Ивановска, референт за наплата во СН Осигурителен Брокер. Канцеларијата на Ева е сместена во нашата дирекција во Битола. Па така, со битолско турско кафе си поразговаравме со Ивановска околу нејзината работа. Секако, откриваме и која е Ева надвор од деловниот кодекс. „Уште во моите студии на Економскиот факултет во Прилеп, бев свесна до каде можам да одам и кој би бил мојот пат.“ – ни раскажа Ева. „Секако, можеби како и секој млад човек, имав големи соништа и со оглед на амбицијата, се замислував токму во една ваква моќна компанија што денес е докажан бренд. И кога денес сум навистина овде, заклучувам дека сум го имала правилниот пристап.“
Според ова што е амбицијата?
Според мене, амбицијата е надеж, но и силна волја да веруваш во она што го посакуваш . И навистина има моменти кога нешто може да те спречи на тој пат до успехот, но најважно е да не застанеш. Токму таа визија, ме донесе на ова место, во оваа канцеларија, во СН Осигурителен Брокер.
Твојата работа е со клиенти. Како се снаоѓаш во тој момент?
Отсекогаш сум била социјален тип и комуникацијата ми била важен дел од мозаикот кој го градев како личност. Од луѓето нешто ќе научиш, ќе се запрашаш, ќе се подобриш. Со нашите клиенти постојано гледаме да имаме фер однос, да бидеме трпеливи и отворени во нашите услуги и да стекнеме доверба. Секако, тука се и моите колеги и колешки кои трпеливо ме вклучија во работата и ми го покажаа патот.
Која е Ева надвор од ова место?
Сакам да го поминувам времето со блиските и се трудам да ги одржувам контактите со нив. Без пријатели, животот не би бил комплетен, а со нив се повеќе се доближуваш до совршенството. Дружбите со моите колешки, тимот и пријателите надвор од канцеларијата, се оние работи кои ме опуштаат и кои ми даваат енергија за понатамошно успешно совладување на нови предизвици и совладување на нови цели.