Амбицијата е најсилно средство за достигнување на целта и постигнување на успех во бизнисот, компаниите, деловниот свет.
Круцијално е да сме свесни за постоењето на амбицијата како желба и жед за искачување на извесен пиедестал. Наречена како желба, без неа се вели дека не би постоел никаков развој на човештвото воопшто.
Нo, што треба да се поседува за еден човек да биде амбициозен?
Среќата е основата врз која се гради било што. Еден човек бил во пoсета кај стар мудрец во Индија. Верувајќи дека мудрецот ќе го спаси од проблеми, човекот се пожалил и очекувал одговор. Но, мудрецот паралелно со дискусијата, го послужил со чај. Она што е интересно за оваа можеби добро позната приказна, е дека чајот почнал да се излева од чашата, а тогаш човекот се зачудил. „Оваа чаша го претставува твојот ум. Не можам да те советувам и не можеш да продолжиш понатаму доколку твојот ум е преполн со мисли, информации, конфузни прашања без одговори. Испразни ја чашата и потоа дојди!“ Токму истото се случува и со стремежот кон амбицијата. За да можеме да го „трасираме“ патот кон целта и успехот во еден бизнис, треба да имаме здрава и „чиста“ основа, без никакви опструкции. Празна табла на која она што ќе го запишеме, еден ден ќе се исплати.
Амбицијата освен што е желба е и верување
Откако ќе ја сфатиме пораката, мораме да веруваме во нашиот план. Доколку не веруваме во она што го замислуваме, ништо не би резултирало во позитивен контекст.
Таа е свесност
Амбицијата е свесност за сето она што го поседуваме. Таа зависи и од талентот и од фактот колку вие всушност можете да издржите. Каква цел си поставувате, дали е временски возможно да ја постигнете и дали имате вистински услови или „клима“ за исполнување на плановите.
Од тука, постои здрава и нездарава амбиција
Џон Камејер Милер, професор на Универзитетот во Минесота објаснува дека некои луѓе гледаат на амбициозноста како постигнување на одрeден статус. Но, не е само тоа. Од друга страна Нaсир Гаеми, професор по психологија и фармакологија на медицинскиот центар Тафтс во Бостон, забележува дека самодовербата е најважниот фактор кога е во прашање амбицијата.
Според испитувањата исто така, важна е и семејната историја на поединците. Она што е запишано како код во нивните гени и сеќавања, воспитувањето и огледувањето кон своите блиски, е она што поединецот го очекува и стреми понатаму во животот.
Колективна и индивидуална амбиција
Бројни истражувања уверуваат дека во поглед на деловниот свет или од страна на компаниите, на амбицијата се гледа како на колективна, а додека другата се однесува на поединецот и таа е индивидуална. Компаниите сакаат амбициозни луѓе, лидери, но и она што се нарекува стремеж кон колективна свест и тимска игра. Од тука, би се напоменале уште ексторивертите и интровертите. Оние кои се екстроверти имаат т.н. нагон за исполнување на целта и за амбициозен пристап. Додека пак на интровертот му е потребен извесен аплауз и бодрење за она што го направил. Во корпоративниот свет, во лондонска консултантска компанија, еден лидер, ќе истакне дека личната амбиција не би овозможила соодветен пат за успех на една компанија, бидејќи тогаш воопшто не посоти тимска игра.
Би заклучиле дека амбиција треба да ја сфатиме како стремеж, нагон и пат кон доброто, колективното, а не себичното. Амбицијата не претставува следење на некој извесен статус во општеството, а не е ни самодоверба која ќе му штети на тимот.