Стабилност и мир во иднината – Цитатот на Ворен Бафет, го покажува тоа!

ВОРЕН БАФЕТ:„Некој денес седи под сенка, бидејќи некој пред долго време засадил дрвце”. Како до таа стабилност и мир во иднина?

Ја сместуваме оваа мисла како централна за денешниот текст. Го земаме примерот на Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот, најголемите инвестициски умови на модерното време.
Следејќи го мислењето на Ворен Бафет, се фокусираме на значењето на засадувањето и градењето на стабилност од страна на финансиското штедење преку инвестирање во осигурување. Апро по, би се надоврзале на една тема која во последно време ја анализираме. Зборуваме за минатото, сегашноста и иднината. Какви плодови береме денес како општество и какви плодови береме денес како индивидуи? Кои се факторите кои најповеќе влијаат врз нашето мислење? Кое мислење треба да го прифатиме, а кое не?

Во интерес на она што сакаме да го нагласиме, а тоа е важноста на осигурувањето, споделуваме пример кој го наидовме на интернет.

Станува збор за еден човек со име Питер кој во младоста воопшто не му давал значење на фактот дека треба да се осигура. И покрај уверувањата од неговите пријатели дека греши, тој бил упорен. Но, секако ризикот е оној кој може да ја спречи визијата дека таму во иднина, нештата ќе останат исти или ќе се движат само напред. Сепак, Питер ја разгледал идејата на Бафет и се уверил дека таа е навистина точна. Започнал да размислува за тоа како неговите одлуки денеска ќе влијаат на неговиот утрешен живот и животот на неговите наследници.

Стабилност

Потоа, еден ден, неочекувано се случила таа несреќа. Питер бил принуден да се пензионира порано поради здравствени причини. Но, благодарение на неговото осигурување, тој бил во можност да се засолни под сенката на сопствената одлука дека осигурувањето е инвестиција. Имајќи ја сега таа финансиска стабилност, Питер можел безгрижно да ги сноси последиците, а и неговите деца и внуци можеле да уживаат во финансиска стабилност.

Повторно се надоврзуваме на цитатот на Бафет од самиот почеток на текстот. Она што ќе го засадиме тоа и ќе никне.

Но, што треба да направиме за од тој никулец да се развие голема приказна. Да израсне големо дрво кое понатаму ќе ни држи сенка во нашиот живот. Токму тука се конструира приказната за добриот план кој вклучува осигурување. Осигурајте го плодот кој расти. Малу понастрана од тоа метафорично изразување, би се надоврзале за заштитата на нашите деца. За нивниот живот. Токму тие се она најзначајното нешто кое треба да порасне. И таа „сенка“, не би ја користеле само вие. Напротив, под истата ќе можат да уживаат и вашите најбиски, оние кои сте ги штителе целиот свој живот. Истото е и со вашите деловни планови, патувања, идеи…

Заштитете го тоа што го сакате со тоа што ќе научите дека осигурувањето е влог кој еден ден ќе ви се исплати. Кога еден ден ќе прерасне во големо дрво под чија сенка ќе се чувствувате сигурни. Ќе знаете дека нешто сте направиле и ќе се гордеете затоа што токму вие сте биле баш тој некој кој го засадил.

Стабилност