Страст. Тоа е тајната на секоја врвна кариера, а токму ова е местото од каде се раѓа успешната приказна СН Осигурителен брокер.
Штом влегуваш во просториите на СН, ти пулсира некоја амбициозна мисла низ глава. Чувствуваш мотивација и позитива што знае да остане и после работа во текот на денот.
Некаде низ првите часови на петочните утра, ја започнуваме рубриката: „Запознајте го СН тимот“.
Што е она што се случува зад нашите бироа? Кои се луѓето во нашата компанија?
…И додека пивнуваме голема голтка од утринското кафе, во една урбана, а сепак кежуал атмосфера, разговараме со нашата колешка Наташа Спанџевска.
Имено, Спaнџевска работи во Скопје, во секторот за приватно здравствено осигурување. Административна поддршка, склучување договори со клиенти, изготвување на целосна документација и нивно контактирање.
Наташа како се развиваше твојата кариера? Како започна оваа СН приказна?
Наташа: Работата со клиенти отсекогаш ме исполнувала. Така од сам почеток знаев дека токму тоа е она кое сакам да го работам.
„Отворена сум кон нови предизвици, па така започна и СН приказната:
– Почувствував повик да ја променам својата кариера кон нешто големо. Нешто што ќе придонесе кон подобрување на животите на луѓето и тимот со кој работам!“
– Личниот развој и зрелоста кои доаѓаат со родителството, ме мотивираа да станам свесна за фактот дека сакам да бидам вклучена во нешто значајно. Нешто што ќе донесе сигурност и безгрижност во животите на луѓето околу мене. Така се најдов во секторот на приватното здравствено осигурување.
И тука некаде стопиравме со деловниот опис, го спуштивме „официјалниот гард“, па со Наташа поразговаравме околу нејзиното секојдневие, хоби, животни цели…
Morrning person, кафе зависник или…?
Наташа: Секогаш сум за добровитаминизирано смути наутро. Ме полни со енергија и елан за работниот ден кој доаѓа.
Кон што се стреми Наташа? Каде се гледаш во иднина?
Наташа: Се стремам кон успех, на секое поле во животот. Постојан раст и развој на мојата личност, затоа што тука секогаш има работа. Сакам предизвици и сакам да ги исполнам, затоа што успехот потоа е задоволство, среќа, исполнетост. А нели тоа е целта за која се бориме.
Петок или Понеделник?
Наташа: Го сакам петокот, особено кога доаѓа по успешно сработена недела. Ми дава чувство на сатисфакција и исполнетост да знам дека работните обврски се навремено завршени. Сатисфакција дека клиентите се безбдни и доаѓа викенд, кој е резервиран за најубаво поминато време со семејството.
Како се одмараш? Посебно хоби?
Наташа: Сакам книги и обожавам прошетки низ природа.
Што те мотивира?
Наташа: Мислам дека сите треба да работиме кон тоа да донесеме барем еден процент позитивно влијание кон луѓето што не опкружуваат, на работа и приватно. Ме мотивира вреднување на труд, одржан ветен збор, добри луѓе! Ме мотивира моето семејство кое ми е најголема поддршка и инспирација. Ме мотивира сознанието дека сум дел од компанија која на своите клиенти им овозможува среќен, спокоен и безгрижен живот!
Комплетната посветеност, неспорниот интелектуален багаж, професионалноста и стручноста, се едни од причините за успешноста на нашиот тим.
Но, СН Осигурителен брокер, е повеќе од тоа. Еден од основните „виновници“ за врвните резултати каде нашата компанија се задржува како лидер, е сето она што се случува зад работните бироа на нашите колеги. Позитивната енергија, довербата и амбиентот се оние работи кои често ги забораваме, а се клучни за создавање на совршена атомсфера која финишира во успешна компанија што стреми да се задржи на врвот.
Приватно Здравствено Осигурување
Експозитурата се наоѓа на:
Улица: Партизанска 17, Скопје
Телефонски број: 075 252 375
info@snbroker.mk
www.snbroker.mk