Во пресрет на Велигденските празници СН Осигурителен брокер АД Битола во рамките на голема промотивна велигденска акција ви овозможува да обезбедите патничко осигурување за 90 дена по цена за 30 дена.
Велигденска акција – Безгрижно патувај цела година
Безгрижно патувајте четири сезони со промотивниот пакет кој можете да го користите во текот на целата година. За само 1.142 денари, купувате 90 дена кои може да ги искористите во наредните 365 дена. Пакетот ја опфаќа територијата на Европа без Швајцарија. Покритието е без франшиза. Со дополнителни 308 денари имате можност да го проширете пакетот со осигурување и на багаж.
24/7 асистентска поддршка
Во сите пакети вклучена е услугата на асистентската куќа Europ assistance, со што доколку Ви е потребна итна медицинска помош трошоците се плаќаат директно на болницата од асистентската куќа. Овозможена е 24/7 подршка на голем избор на јазици.
Акцијата трае до 7 мај 2024.
Заштита и сигурност при привремен престој во странство
Полисата за патничко осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремен престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош поради ненадејна болест или последици од несреќен случај – незгода, како и при Ковид 19.
Повеќе за понудата можете да се информирате на www.snbroker.mk/ и на телефоните 15 770 и 075 284 653.
Ваквата полиса можете да ја обезбедите во најблиската подружница на СН Осигурителен Брокер АД Битола.
ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ
Вашето здравје и безбедност треба да бидат први на листата кога планирате патување. Ние сакаме да патувате мирно и безгрижно, затоа Ви нудиме спектар на услуги со кои Ви гарантираме безгрижно патување и покривање на најчестите ризици што демнат на патот.
Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и престој во странство кое содржи неопходна здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување на багаж и надомест за изгубени патни документи.
ВИДОВИ НА ОСИГУРУВАЊЕ:
• индивидуално,
• семејно,
• елементарна непогода,
• групно.
ТИПОВИ ПОЛИСИ:
• полиса која покрива едно патување,
• полиса која покрива повеќе патувања.