„Тимската работа е како сложувалка, секој член е суштинско парче што ја комплетира конечната слика“ – Теодора Симоновска, Референт за продажба и раководител на експозитура Автокоманда-Скопје

Утро во Скопје во нашата експозитура во Автокоманда. И пред да започнеме со работните обврски, кратко „кежуал“ кафе со нашата колешка Теодора Симоновска, Референт за продажба и раководител на експозитура Автокоманда-Скопје. „Тимската работа е како сложувалка, секој член е суштинско парче што ја комплетира конечната слика“ – вели Теодора и продолжува:

Освен искуството, праксата и целосната вложеност кон она нешто кое сакаш да го работиш, најважна е соработката со колегите. Со тимот. Фокусот кон тимската работа. Токму тука е градење на тој толерантен, несебичен и емпатичен став и однос со колегите. За да има одговори, треба да има и прашања, па така наша одговорност е да знаме што точно бараат од нас нашите клиенти. Тимот на СН Осигурителен Брокер е оној кој го создава тој концепт на прашања кои најпрво треба да ги одговориме ние, да си ги објасниме и да се согласиме со донесениот заклучок, а потоа со отворен дијалог, достапност и професионалност да им објасниме на нашите клиенти сѐ она што ги интересира во врска со осигурувањето.

SN Broker znae kako da obezbedi fer odnos so klientot СН Брокер знае како да обезбеди фер однос со клиентот

Што е осигурувањето?

Осигурувањето е инвестиција и од далеку не претставува финансиски трошок. Во главниот град, тоа сѐ повеќе станува пракса и нешто кое е сфатено како основно. Животот на сите ни значи. Луѓето сѐ повеќе стануваат свесни дека треба да го заштитат и секако да заштитат сѐ околу него.

И прашање кое сите ги интересира. Која е Теодора надвор од работниот кодекс?

Едноставна девојка со претензија кон успешен, среќен и безгрижен живот. Семејството и пријателите околу мене го прават она место во кое најповеќе уживам. Потоа одново се подготвувам за нови работни обврски и предизвици на работното место кое навистина го сакам.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *