Самосвесноста – Eсенцијален елемент за конструирање успешен тим

Зад брзорастечките компании секогаш стои успешен тим кој ја замислува, визуелизира и полека конструира целта.

Еден успешен тим ги исполнува целите и задачите заедно. Бизнисот во енормна мера зависи од тимската работа и односот меѓу вработените во компаниите, вклучувајќи ги и осигурителните компании. Но, клучниот момент на кој најпрво се задржуваме е работата на себе си како поединци. Во овој контекст се акцентира самосвесноста како примарен чекор. Поединецот, индивидуата во тој поглед, задолжитено е свесен за своите постапки. За тоа како, со каков план – стратегија, пристап и енергија ќе пристапи кон заедницата, колегите и идеите. Заборавајќи на егото, индивуидуата е свесна за своите способности. Поединецот нуди идеи, но со длабока анализа и преиспитување, согледува дали истите се инкорпорираат во мрежата од податоци. Планови што понатаму креираат мрежа чиј краен резултат е заштита на клиентот.

успешен тим

Конкретната дефиниција за самосвесноста би била дека е способност на индивидуата да го анализира и разбере своето однесување, сопствените вештини. Да ги знае своите недостатоци, маани и предности.

Понекогаш треба да кажеме „не“, а понекогаш треба да кажеме „да“. Но, како свесни поединци од компанијата во целост, мора да сме свесни каде треба да одговориме потврдно, а каде треба да му посочиме на тимот дека тоа не би донело некој особено добар резултат како предност кон планираниот таргет кон кого стремиме. Знаејќи ги своите силни и слаби страни, свесноста околу стекнатото професионално искуство, им овозможува на членовите добра соработка. Така, еден успешен тим има јасна слика за способностите на поединците. Своевремено овозможено е распределување на работниот опсег и успешна соработка меѓу членовите.

Комуникацијата како дел од самосвесноста

Самосвесните индивидуи можат полесно да комуницираат со колегите, а начинот на кој ги разбираме другите и нивните потреби, е од суштинско значење конкретно и во индустријата на осигурувањето. Затоа што работата од канцеларијата, понатаму продолжува во квалитетен однос со нашите клиенти. Во СН Осигурителен Брокер, сметаме дека е од суштинско значење да ги ислушаме нашите клиенти, да ги прифатиме нивните барања и да ги оправдаме нивните очекувања. А сето тоа се овозможува само со добра комуникација, која започнува со самосвест на индивидуално ниво.

Како релевантен дел од она што се нарекува самосвесност е емоционалната интелигенција.

Оваа вештина го носи својот придонес. Со тоа се одржува амбициозниот континуитет, пријатната атмосфера на работа и позитивната енергија што треба да реагира како едно цело. Со тоа што поединецот знае да ги контролира своите емоции, знае да ги разбере и туѓите, како и да одржува позитивна енергија.

Неминовно е да се спомене и свесноста за потребата од професионален развој. За совладување на нови знаења, вештини и континуирано надоградување кое во иднина би помогнало во ефикасноста на услугите и квалитетот во нашата област.

 Зад успешноста на СН Осигурителен Брокер постои успешен тим, каде индивидуалците се свесни за себе, за својата природа, стремеж, искуство, амбиција. Како професионалци во својата работа, знаеме дека тоа е есенцијален елемент кој и тоа како влијае врз работниот процес, работната атмосфера. Високомотивираниот успешен тим започнува од секој поединец кој знае да ги надмине предизвиците, започнувајќи од себе.