СН Групацијата чекори напред – на голем корпоративен настан во Охрид потврдени извонредните резултати од деловното работење

Вработените во СН Групацијата викендов се собраа во Охрид на голем корпоративен настан кој вклучи конференција и тимбилдинг активности.

На конференцијата беше соопштено убава вест што зборува за нашиот успех. Непосредно пред одржувањето на тимбилдингот, СН Осигурителен Брокер се закити со уште едно признание. Станува збор за престижно признание како Бизнис лидер во Македонија за 2022 година. Ова е доказ за посветеностa да испорачаме исклучителни услуги и решенија за нашите клиенти, беше речено на конференцијата. Ова признание, и уште многу други кои сме ги добиле, се показател како се работи во СН Групацијата. Како се работи во СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Сообраќаен центар-Битола, СН Центар за моторни возила. Тука припаѓаат и СН Центар за угостителство, СН Мото Центар Скопје, ТАХОМОБИЛ ДОО Скопје. А дел од нашето смејство се и Доо Дкпсн Битола, ДОО Агроскан Битола и  Друштвото за управување со приватни фондови Сниф.

СН Групацијата на голем корпоративен настан

Едно навистина големо корпоративно семејство, предводено од уште поголемата визија на основачите – Претседателот на Одборот на директори Христо Кондовски и Првиот Главен извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски.

СН Групацијата на голем корпоративен настан

На конференцијата во Охрид, пред вработените во сите компании кои се дел од СН Групацијата, Претседателот на Одборот на директори Кондовски ги изложи извонредните резултати од работењето. Исто така ја сподели и визијата каде чекори СН Групацијата понатаму. Таа визија ги вклучува колективните напори. Напори на сите 252 вработени во групацијата преку низ целата држава раширена мрежа која секој ден поставува нови стандарди во работењето, на задоволство и на вработените и на клиентите.

Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси ги презентираше идните чекори. Чекори кои уште повеќе треба да го зајакнат тимот на СН Групацијата.

СН Групацијата на голем корпоративен настан

Нашата успешна приказна е плод на нашата тимска работа. На односите кои се стремиме се повеќе да ги зајакнеме и да градиме уште поголеми успеси. Затоа што тимот што е сплотен и обединет е поефективен, попродуктивен и поуспешен!

Токму како круна на таа успешност потврдена со извонредните резултати во деловното работење, тимот на СН Груцијата викендов уживаше во дводневно дружење во преубавиот Охрид полнејќи се со нова енергија за нови успеси.

СН Групацијата на корпоративен настан чекори напред
sn grupacija