„Тимот е приказната што треба да те инспирира!“ – Симона Мијаличиќ – референт за продажба во СН Осигурителен Брокер

Денес се наоѓам во нашата експозитура во Чаир, во Скопје. Како да нешто ни гарантира дека ова ќе биде успешен ден што ќе ја заокружи целата работна недела. Можеби зад оваа интуиција, се крие позитивната енергија што извира од разговорот и денешното кафе кое го пиеме со Симона  Мијаличиќ – референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.

И само што го започнавме разговорот, Симона прими телефонски разговор. Со посебно „добро утро“ и едно нешто кое вели дека „да веднаш ќе ви одговорам на Вашето барање“, Симона веќе започна со нејзините работни обврски во канцелариите на СН Осигурителен Брокер.

– Најважна е енергијата која ја носиш со себе. Според мене,треба да бидеме брзи и ефективни. Темпото е она кое мораме да го одржуваме како тим. За да имаме добар исход и секако успешни резултати на пазарот на осигурувањето, мораме да бидеме постојано достапни и веднаш да одговараме на барањата на нашите клиенти. А потоа, нашиот успех станува заедничка приказна која ја множиме.

… И додека го искажуваше својот став, Симона веќе го средуваше своето биро и се подготвуваше за работниот ден со ентузијазам кој секогаш е нешто плус кое не носи на врвот. Симона како започнува работниот ден?

Токму вака, се насмеа Мијаличиќ. Со кафе кое веднаш знае да те фокусира.

sn broker
СН Осигурителен Брокер

На нашето прашање околу тоа дали осигурувањето станува фундаментално кај клиентите, Симона ни одговори:

-Да. Секако дека расти трендот во поглед на осигурување во нашата земја. Граѓаните се повеќе ја сфаќаат неговата важност. Можеби токму брзиот начин на живот и моментот кога си го поставуваме прашањето дали сме доволно концентрирани кон нашиот живот и дали воопшто имаме време да размислиме концизно околу нашиот план, не води до една таква ситуација каде всушност откриваме дека од тоа брзо темпо понекогаш забораваме што е  најважно. Нашиот живот и сето она што е поврзано со него и што ни значи.

Брокер

Нашите клиенти не препознаваат како нивни најдобар партнер кој е тука да им подаде рака и во најголемите неволји и бројката на заинтересирани осигуреници расте од ден на ден. Тоа за СН Осигурителен Брокер и за целиот наш тим, значи аплауз кој секако не го земаме „здраво за готово“, туку на него гледаме како мотивација што ќе ни отвори нови можности.

Симона дали оваа позитивна енергија ја црпиш од негде, некое место или можеби имаш некое посебно хоби?

Сѐ започнува од она што ќе креирате околу себе. Каква ќе биде таа приказна? Што ќе има во неа и која енергија сакате да ја привлечете. Според мене, социјализацијата е  многу важна во контекстот. Блиските, пријателите и цел тој мал или голем круг што го создаваме околу себе, треба да не инспирира. Истото правило важи и на работното место. „Тимот е онаa приказна што треба да те инспирира!“

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *