Креирање стратегија и план – Ангажманот околу будење на свеста за осигурувањето како релевантна цел што го штити клиентот

Често се случува граѓаните да заборават и да не се свесни за фактот дека осигурувањето има особено значење и го штити клиентот

Осигурувањето е неопходен дел од мозаикот кога го креираме секој ден и ја планираме нашата иднина. Тоа значи дека се фокусира кон длабоко разгледување на финансискиот план, а од тука претставува основа или постулат над кој ќе го градите сето она што ви значи. Ќе го заштитите и ќе вложите, инвестирате, а на крај и добиете. Со овој текст, ја потенцираме таа важност и нагласуваме дека сме некој на кого можете да се потпрете. Како идеален партнер, СН Осигурителен Брокер е некој кој го штити клиентот и во најголемата бура, невреме, непредвидлива ситуација.

Како компанија која е на ваша страна, во континуитет зборуваме за вредноста на осигурувањето и ја потенцираме нашата главна цел. Да успееме да ве заштитиме. Нашата визија, најпрво претендира на тоа да биде јасна и достапна. Целта е да ја подигнеме свеста околу оваа тема. Ние сме отворени за соработка и за нашите стратегии зборуваме јавно, гласно и транспарентно, не оставајќи простор за двоумење.

штити клиентот

Ја разгледуваме целната група и анализараме

Евидентни се резултатите од анализите кои се направени во Македонија во поглед на зголемување на трендот на осигурувањето. За да се постигне тоа, сметаме дека најпрво треба да се направи конкретна анализа на целната група. Кој е таргетот и кои се потребите на клиентот. Следствено, ги разгледуваме прашањата околу трендовите за кои се интересираат граѓаните, како да го следиме светскиот напредок и секогаш да имаме подготвени одговори. Затоа проучуваме и потоа нудиме одговори на сите ваши прашања. Одговорите потенцираат дека една одговорна компанија го штити клиентот.

Достапност

Образовните кампањи кои вклучуваат информативна  достапност значи дека го подобруваме квалитетот во работата. Истовремено, нашиот тим креира едноставни решенија на социјалните мрежи кои нудат достапност до сите информации и прашања кои ве интересираат.

Идентификација на конкретните ризици и потреби

Персонализираните бесплатни совети за секој тип на осигурување, е делот од нашата стратегија кој зборува дека сме искрени и ги следиме потребите на граѓаните.

Ние сме општествено одговорни и  вклучуваме партнерства со заедницата

За да ја подигнеме свеста околу осигурувањето кај другите, треба да укажеме дека осигурувањето е одговорност. Но, за да го истакнеме овој важен факт, најпрво треба да сме ние одговорни. Токму, тоа е поводот кој стреми кон доближување кон заедницата, организација на работилници за обука и едукација.

Поставуваме параметри според кој ќе го мериме успехот

Една успешна компанија, во случајот компанија која е општествено одговорна и се занимава со будење на свеста и зголемување на трендот околу осигурувањето, мора да има  критериум за мерење на успехот. Тоа значи дека од време на време, гледаме до каде сме со нашиот план и на кое место се наоѓаме на патот. Одговорот на ова прашање секогаш ни го даваат нашите клиенти. До каде сме со одговор на нивните прашања и колку ги имаме задоволено нивните „апетити“.

Технолошките иновации нивното следење

Динамично е времето во кое живееме. Технолошкиот развој се движи со брзина за која до сега не сме знаеле дека може да постои, па важно е да бидеме постојано будни и да не заостануваме во тој поглед. Следењето на технолошките трендови, значи дека ги следиме иновациите кои секогаш гледаме да бидат дел од нашата стратегија која со оваа точка ја акцентира достапноста.

Како брзо растечка компанија која е број еден во пазарот на осигурувањето во Македонија, сметаме дека токму ваквото ангажирање и реализацијата на посебна стратегија и план, е клучна за успешно будење на свеста за осигурувањето кај клиентите. Со постојан напор, постигнуваме значително подобрување и ги исплаќаме штетите, што зборува за нашата искрена намера, достапност и доблесна професија.

Како заклучок, повторно би нагласиле дека осигурувањето е инвестиција, не е трошок. Тоа е нешто кое ве штити во непредвидливите моменти, а  СН Осигурителен Брокер е идеалниот партнер кој секогаш е на ваша страна.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *