„Нашиот тим се фокусира на решението, а не на проблемот!“-Дрита Расимоска, Сектор Финансии -сметководство – СН Осигурителен брокер

Нашата компанија го разбира трудот на тимот и знае дека токму тој е клучот за еден успех. Нашиот тим знае да го пронајде решението и за најтешките проблеми.

Во зародишот на оваа СН приказна што продолжува да брилира и овој Петок, најпрво го пиеме првото утринско кафе и се подготвуваме за работа. Денес, разговараме со Дрита Расимоска, Сектор Финансии – сметководство. Секогаш отворена за комуникација, Дрита е важна страница од нашата успешна приказна. Работата на Расимоска најповеќе зборува за тимскиот процес.

Индивидуата е онаа која треба пред сѐ да биде одговорна кон своите обврски. Затоа што токму нејзините обврски, понатаму стануваат должност на други членови од тимот. Кај нас, станува збор за  ланчан процес. Синџир кој мора секогаш да биде цврст. Тоа е тимот на СН Осигурителен брокер.“ – ќе забележи Дрита Расимоска.

Со тимска работа, секогаш се наоѓа решението на проблемот - СН Осигурителен брокер

Што е она што најповеќе би ти пречело во однос на твојата работа?

Неодговорниот пристап мислам дека за секој еден поединец би бил нешто што пречи. Ние, како тим сме свесни околу тоа и до сега не сме имале никакви опструкции во однос на решавање на одредени проблеми. Затоа што, знаеме дека истите се неминовни. Свесни сме за постоењето на ризици и непосакувани ситуации. Всушност како и во секоја работа. Токму тогаш е важно колку ние како колеги, заедно ќе го решиме падот и ќе смислиме како повторно да се издигнеме.

Со други зборови, нашиот тим секогаш се фокусира на решението, а не на проблемот!

Како започнува твојот работен ден?

Со утринско кафе и план кој се фокусира на тимската работа. На решението за престојните задачи. на одговорот на неколку прашања. Каде треба да се движиме и каде не смееме да погрешиме затоа што сето тоа би имало негативен ефект врз сите нас.

Тимот на СН Осигурителен брокер секогаш наоѓа решението

Која е Дрита во „кежуал“ издание? Имаш ли време за место во кое се релаксираш и одново ги полниш батериите?

Дрита е сопруга, мајка, пријателка. Се релаксирам со долги прошетки. Сакам природа, но не би ми пречеле и прошетките во урбан простор во нашиот град, а и некаде надвор од него. Но, ако зборуваме за тоа време, веројатно по малку ми недостасува. Сепак со добра организација се постигнува сѐ. Затоа што и најуспешните знаат за одмор и место, од кое ќе излезат повторно подготвени за освојување на нови цели, креирање на нови успеси.

СН Осигурителен брокер постојано вложува во својот тим, градејќи квалитетен и перспективен кадар кој знае да соработува и цели кон уште поголеми амбиции.