Мит за животното осигурување! „Дали ако сте сингл, немате брачен партнер и деца, треба да се осигурате?“

Двоумењето и конфузијата околу прашањето дали треба животно да се осигурате, е често. Сепак, би требало да напоменеме дека свеста се развива во нагорна линија и на луѓето им е јасно дека непланираните настани се составен дел од животниот тек. Можеби е морбидно да размислуваме на ризиците и последиците, но што кога нема да бидеме повеќе живи? Кому ќе му го оставиме целиот тој товар? Важно е да ја знаеме вистината за животното осигурување и да не се фокусираме на митот. Како еден од многуте митови, би го издвоиле брачниот статус.

Дали ако сте сингл, немате брачен партнер и деца треба да се осигурате?

Поволностите околу осигурувањето можат да се искористат иако сте во т.н. позиција сингл. Со животното осигурување вие инвестирате во вашите најблиски и при случај на несреќа, вие им помагате да ги исплатат своите долгови. На пример да го исплатат вашето студирање, кредит и слично. Со тоа што ќе се осигурате, решавате голем финансиски товар кој може да им нанесе уште поголеми проблеми и тешкотии на членовите од вашето семејство.

Бидете мудри и разделете се од тврдењето дека вие треба да одбиете животно осигурување доколку не сте во брак или пак сте, но немате деца. Тоа може да биде голема грешка со неминовни фатални последици кои ќе се однесуваат и на финансиите. Освен тоа, времето се менува и треба да сме свесни дека со тоа, се менуваат и нашите размислувања. Апсолутно може да станете друг човек во иднина кој ќе биде уште поамбициозен во сосема друг правец кон желбите кога е во прашање брачниот статус.

Дали ако сте сингл, немате брачен партнер и деца треба да се осигурате?

Секако дека не би сакале да размислуваме на најлошите сценарија, но сепак тоа е препознатливост и е далеку од паника. Долговите ќе ги наследат членовите на семејството, а со животното осигурување ќе им помогнете токму тие долгови да бидат исплатени.

Размислете долго пред да го отфлите ваквиот концепт. Животното осигурување ви ја нуди потребната сигурност, заштита. Тоа, секако е безгрижност која ќе ви помогне храбро да чекорите понатаму кон вашата цел.