„Продуктивноста е последица на тимската работа“ – Сања Драгарска, референт на продажба во СН осигурителен брокер
Тимот е рефлексија на развојот на цела една компанија. Тимот е олицетворение на визијата што се креирала уште на самиот почеток. Денес е Петок, а ние разговараме со Сања Драгарска, референт на продажба во СН Осигурителен Брокер.
Беспрекорна во својата работа, прoфесионална и принципиелна. Сања Драгарска е дел од нашиот тим, а ова утро низ утринското кафе, ни раскажа за нејзините почетоци, како се креира нејзината кариерна приказна, како настана идејата за нејзината успешна стратегија.
Сања како ги бележиш твоите професионални почетоци?
Сѐ започна од факултетот „Туризам и угостителство“ – отсек „Осигурување“ во Охрид, кое имаше за цел да заврши во дипломиран менаџер за осигурување. Од секогаш бев сигурна во оваа професија, па од таму започнав. Мислам дека кога нешто сакаш, не е ништо тешко и целта е повеќе видлива и јасна. Тогаш, патот е чист и можеш да ги видиш сите опструкции и сите скалила кои секако дека на пати се нишаат, но твое е да продолжиш. Имено во СН Осигурителен Брокер сум вработена од 2017 година. Почнав како надворешен агент, за во 2018 да станам официјален дел од големиот мозаик, како референт за продажба.
Која е твојата стратегија? Како би била работата продуктивна?
Стратегијата е во следење на принципите, но продуктивноста е последица на тимската работа. Доколку тимот не соработува, процесот не може да биде успешен и секако посакуваниот резултат нема да се добие. Кај нас станува збор за синџир и ние навистина функционираме како едно цело. Токму затоа поддршката, прецизноста, енергијата, амбицијата и сериозноста од страна на сите вработени е важна.
Што те нервира?
Неправда. „2 и 2 се 4, не се 5!“ Но, во животот секогаш ќе има некој што ќе те убедува во тоа.
Што ако ѕирнеме која е Сања зад кариерната завеса?
Зад деловната сцена јас сум мајка, сопруга. Динамичното и брзо живеење, убаво не подготви, па сега и ние сме дел од таа рапидност на системот. Брзаме да ги постигнеме обврските кои секако започнуваат од домот. Да бидеме во тек. Да ги следиме искуствата на постарите, а сепак да бидеме свои и да ги следиме светските трендови. Тешко е, но сепак убаво. Грижата кон семејството, посветеноста кон мојата ќеркичка, ми дава уште повеќе енергија понатаму да се носам со последиците.
Амбицијата е онаа која не прикажува како индивидуи, а во нашата компанија сите заедно правиме едно цело наречено СН Осигурителен Брокер. Зад нашиот успех, секогаш стои тим кој знае дека соработката и комуникацијата меѓу членовите е клучна за реализирање на целта. Во случајот нашата цел. СН Осигурителен брокер сеуште е и останува лидер во пазарот на осигурувањето.