СН Осигурителен брокер секогаш достапен да одговори на сите ваши барања – Мултитаскингот како придобивка

Мултитаскингот игра значајна улога во остварувањето на целта

Мултитаскингот игра значајна улога во остварувањето на целта. Или можеби повеќе цели. Она што во превод би значел мултитаскингот е дека тоа е процес или способност за извршување на повеќе задачи истовремено. Но, дали секој ја имаа таа способност. Колку може да се инволвира тој во деловната рамка што стреми кон лидерска позиција на кариерен план? Во нашиот случај, лидерска позицијата на пазарот на осигурувањето.

Предности, но и недостатоци

Имено, конкретно за работата на еден агент за осигурување, мултитаскингот се смета како предност. Но, свесноста околу сопствената моќ е релевантна за препознавање на фактот колку е еден човек способен за извршување на повеќе задачи во исто време.

Како може мултитаскингот да влијае во однос на ефикасноста при работата на агентите за осигурување?

мултитаскингот како предност

Менаџирање на времето

Тој овозможува подетално планирање на обврските, што доведува до поголема заангажираност околу менаџирање на сопственото време. Но, пред се, потребно е фокусирање кон она нешто кое се нарекува план. Мултитаскингот можеби не значи спонтаност. Пред да се извршат повеќе работи истовремено и да се услужат повеќе клиенти, потребно е планирање. План околиу тоа кои задачи конкретно ќе се извршат во текот на работниот ден. Веднаш после тоа, следи ангажманот околу истите и следење на планот. А потоа, настанува вистинскиот мултитаскинг и прифаќање на дополнителни обврски од непланираните случувања. Така, во одредени ситуации, агентот може да се соочи со т.н. кризен момент, одреден инцидент или несреќа на клиентот. Во тој момент, тој мора брзо да реагира и да го реши проблемот за што пократко време. Брзото и динамично време, носи се повеќе ризици, па токму затоа треба да бидеме подготвени за немилите ситуации кои можат да се случат.

Сепак, не треба да се оддалечиме од постоењето на ризик од грешки. Токму затоа е важно планирањето на времето кое во посебен фокус ќе го стави вниманието околу деталите на начин што клиентот ќе биде задоволен од препознавањето на нивниот проблем и студиозното разгледување на истиот.
Постоењето на граници, свеста околу сопствените способности и вниманието околу деталите, се оние клучни моменти за постоењето на можност да се извршат повеќе активности во исто време. Одморот помеѓу работните обврските е релевантен и преоптоварувањето со задачи може да пречи во успешната работа.

Тимот на СН Осигурителен брокер секогаш е достапен да одговори на сите ваши барања. Нашиот клиент е наш приоритет, па затоа секогаш свесно ги анализираме проблемите со комплетна организираност и план кој знае да ги предвиди непосакуваните ризици и да биде достапен кон изнаоѓање на брзо и стручно решение.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *