Студентите на „ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО“ се запознаа со дејноста и можноста за кариерен развој во СН Осигурителен Брокер

Во рамките на ТРЕТИОТ ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО, кој се одржа во просториите на ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД, СН Осигурителен Брокер пред студентите ја претстави својата дејност и можностите за кариерен просперитет од страна на младите.

Имено, овој ден беше успешен пример за партиципативен пристап и активно партнерство. Партнерство кое прогресира околина за младите и студентите да останат во регионот. Да ги стават на располагање своите вештини на локалната заедница. Нашата компанија со задоволство одговори на поканата од „Факултетот за туризам и угостителство“ во Охрид и тимот беше присутен на настанот. 

студентите

Третиот отворен ден на УКЛО И ПРИЈАТЕЛИТЕ, се одржа под мотото ПОВЕЌЕ ОД ОБРАЗОВАНИЕ“. Официјалното отворање беше од страна на Ректорот на УКЛО, Проф. Д-р Игор Неделковски и Деканката на ФТУ Охрид, Проф. Д-р Снежана Дичевска.

Отворениот ден вклучи две панел дискусии. На првата панел дискусија дискутираа најуспешните студенти на УКЛО. Додека на другата панел дискусија зедоа збор Ректорот на УКЛО,  Градоначалникот на Охрид, г-дин Кирил Пецаков и претставници од Стопанската комора и факултетите на УКЛО. На крај следуваше изложбениот дел. Во истиот, компаниите и единиците на Универзитетот можеа да ги презентираат можностите за кариерен развој на своите институции.

Студентите, особено од отсекот „Осигурување“ на ФТУ Охрид, покажаа интерес околу нашата работа. А нашиот тим со задоволство детално ги запозна со дејноста и услугите на СН Осигурителен Брокер АД Битола, како и со можностите за кариерниот развој токму во нашата компанија.

студентите

„На ТРЕТИОТ ОТВОРЕН ДЕН НА УКЛО, ги претставивме услугите кои ги нудиме како брокерско друштво. Ги запознавме студентите со нашите работните места. Со нашите позиции, а исто така ги презентиравме и  можностите за професионален кариерен развој и раст. “ – истакна Даме Блажески, референт за продажба и раководител на нашата експозитура во Охрид.

СН Осигурителен Брокер останува отворен за соработка, со интенција и можност, теоретското знаење на студентите да премине во пракса и вработување во една компанија која останува да биде лидер во пазарот на осигурувањето во Македонија. – поентира Блажески поздравувајќи ја оваа иницијатива.

Како општествено одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи оваа пракса. Со задоволство ќе одговара на поканите од овој тип. Затоа што соработката на студентите и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е релевантно за напредувањето на младите на пазарот на трудот.