Фактори и принципи на една општествено одговорна компанија
Што значи да се биде општествено одговорна компанија?
За да се одговори прецизно на ова прашање, потребно е да се земат во предвид неколку фактори и принципи. Принципи кон кои компанијата задолжително треба да се насочи, следи и почитува.
Етичките стандарди се она првичното кон кое треба да има фокус една општествено одговорна компанија. Истите подразбираат фер и коректен однос кон вработените. Соработката со тимот е она место од каде започнува сѐ. Од тука следи, развивање на квалитетна релација со клиентите и општествените односи во целост. Приближени до ваквиот концепт, компанијата која стреми кон зачувување на ваквите вредности, во своите постулати, има визија да се насочи кон фер деловен пристап. „Кодекс“ кој секако ќе спречува корупција и ќе осигура безбедни услови на работното место. Токму тие се факторите кои ја потенцираат заштитата кон човекот. Од тука, една општествено одговорна организација се „дефинира“ како концепт кој е доследен кон дејствувања и активности кои можат да имаат позитивни ефекти и влијание врз најблиската околина. Како што се потенцира, клиентот, вработените, а во поширока смисла општеството.
Посветеност, етичност, прилагодливост
Анализирајќи ги основните карактеристики на општетсвената одговорност која компаниите треба да ја имаат, чувствуваат, почитуваат и практикуваат, би рекле дека тие треба да стремат кон задржување на неколку работи. Посветеноста е клучниот збор кој се евидентира како активност која преку своите делувања ќе се пренесе до општеството.
Благодарница од Здружението на слепи лица од Битола за “СН Осигурителен Брокер“ како општествено одговорна компанија
Би се напоменало и етичкото однесување кое во овој контекст, се објаснува како деловна практика. Таа понатаму ќе се смета како за етички, така и социјално прифратлив пристап. Истото ќе стреми кон конструирање и оформување на целите кои ќе имаат позитивни ефекти на општеството. Надоврзано, со етичкиот пристап, деловниот пристап понекогаш и треба да се апстрахира доколку има негативен фидбек кај околината. Така, доколку одрeдена активност донесе економски и финансиски бенефити на компанијата, а наспроти тоа не влијае позитивно од социјална гледна точка, тоа не претставува етички и коректен пристап. Освен овие неколку принципи, една општествено одговорна компанија, мора да е во тек со побарувањата. Во тек со прoмените и во тoј контекст да биде флексибилна во градење на својата структура.
“CH Ocигуpителен бpoкер” додели вayчери на вpaботени во Центap за jaвно здравje Битола
Поддржување на локални иницијативи, спортски, културни и други настани
Имајќи ја таа активна улога во заедницата, овие компании се свесни дека треба да ги пoддржуваат локалните иницијативи кои ќе ги подобрат условите за живот. Исто така, треба да бидат вклучени во донирање на средства, поддржување на настани, инвестирање во кадар, како и обуки на млад кадар со поддршка на спортски, културни и други настани.
Битола-отворен-град-2023-и-годинава-со-поддршка-од-СН-Осигурителен-Брокер
Поддржувањето на општеството, клиентите, средината има позитивно влијание во деловното градење на компанија која стреми да биде брзорастечка. Токму кон тоа стреми СН Осигурителен брокер, кој и понатаму докажува дека е пример за општетсвено одговорна компанија во државата.
СН брокер генерален спонзор на „Macedonian 4×4 Trophy“