Утро, Петок и силна миризба на кафе низ канцелариите на СН Осигурителен Брокер.
Ја привршуваме неделата и пред почетокот на последниот работен ден, разговараме со нашата колешка Марта Ристевска – референт за продажба во СН Осигурителен Брокер.
„Не постои пораз, освен да престанете да се обидувате.“ – Елберт Хабард. Марта се врти ли твојот свет околу оваа мисла? – запрашавме додека се обидуваме да ја откриеме тајната на успехот на Марта.
Во принцип токму амбицијата е онаа движечка сила. Според мене, нема успех без претходно доживеан пораз. Сметам дека човек треба да биде подготвен да падне. Подготвен за бура која може да нападне од нигде – никаде. А тоа е ризик за сето она што сте го планирале, но баш тоа се нарекува амбиција. Да паднеш и повторно да станеш.
Како СН Осигурителен Брокер се вклопува во твојата кариерна приказна? Како тој стана дел од твојот мозаик?
Па второто прашање би го одговорила со тоа што ќе се надоврзам на првото. Ова е компанија чија цел е да биде токму оној кој секогаш е од страна на индивидуата. Да биде на страната на клиентот во моментите кога ќе се случи тоа невреме. Секому му е потребна помош и баш ние сме тие, на чие рамо можете да се потпрете во најкризните моменти. СН Осигурителен Брокер ве штити во најнеочекуваните ситуации и немили настани кои можат да направат конфузија и криза. Но, токму тоа значи да бидеш осигуран. Да знаеш дека ќе можеш да станеш, и тогаш кога ќе паднеш од највисоко. Токму затоа СН Брокер е дел од мојата кариерна приказна. Затоа што го делиме истото мислење.
Работиш со клиенти. Што можеш да ни кажеш околу тоа? Каков треба да биде односот помеѓу нас и клиентите?
Токму така. Мојата работа е со клиенти и сметам дека тоа е доста одговорна позиција. Кон нив секогаш треба да сме отворени, трпеливи за да им одговориме на сите нивни прашања и да ги исполниме нивните барања. Не смееме да се однесуваме како да очекуваме одредено знаење од нивна страна, па затоа треба добра подготовка и одговор на сите нивни нејаснотии околу осигурувањето. Задоволните клиенти зборуваат за нашите успеси, а ние продолжуваме да ја оправдуваме нивната доверба, останувајќи на врвот, како лидери во пазарот на осигурувањето.
Кога ќе замине од канцеларија, Марта е…
Марта смета дека е задолжително некое место и катче од каде човек ќе ги наполни батериите за потоа повторно да го продолжи работниот процес. Ме одмараат прошетки… Патувања и посетување на фамозни туристички дестинации… Уживам во добро друштво и токму насмевката и нивната поддршка и поддршката од моето семејство е онаа движечка сила. Онаа енергија која ми е потребна за понатамошна поуспешна непрекината „циркулација“ на плановите. Сметам дека домот е најважното нешто и можеби она што СИ надвор од канцелариите, влијае кон она кое ќе се случи внатре во институционалниот работен простор. Затоа е важно да си опкружен со позитивна енергија, да го цениш и сакаш твојот и животот на другите, затоа што без тоа цело, не би успеал планот.
После краткиот разговор со Марта, продолжуваме со обврски, а меѓу редовите, го одговоривме и прашањето околу амбицијата. Нејзиниот концепт започнува од местото каде започнуваме да се креираме самите ние. Учењето да станеме подобри личности значи дека се грижиме за нас и имаме лична „хигиена“ кон разумот, а штом човек се грижи за себе, тогаш знае и се грижи за другите. Токму таа работа на себе си е дел од работата на тимот на СН Осигурителен Брокер, а нашата грижа кон клиентот секогаш е на прво место.