Со симболично откинување на првото јаболко на верскиот празник Крстовден, официјално започнува бербата на преспанското јаболко. Во рамките на штандовската презентација која се организира по тој повод, „СН Осигурителен Брокер“ АД Битола, лидер во земјоделско осигурување во земјата, ја презентираше својата понуда пред посетителите на манифестацијата во Ресен.
На граѓаните кои го покажаа својот интерес околу можностите кои ги нуди нашата компанија, им беа објаснети нашите услуги. Им беа презентирани и сите наши видови осигурувања со потенцирање на земјоделско то осигурување како посебен интересант. Граѓаните покажаа посебна љубопитност и интерес околу нашите услуги. Токму тоа, го докажува фактот дека продолжува да расти трендот за развивање и раст на свеста. Свеста за осигурување во нашата земја. Клиентите го препознаваат нашиот квалитет во услугите. Со доволната презентација, објаснувањето и концизност, тие одлучуваат за конкретната полиса за осигурување која според потребите најповеќе би им одговарала. А неи сме секогаш на нивна страна, мото кое континурирано го следиме и почитуваме. Основа над која ги градиме нашите успеси.
Како општествено одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер секогаш е дел и ги поддржува и ваквите настани кои ја следат традицијата. Имено според востановената традиција, собирањето јаболка, започнува на верскиот празник Крстовден. По повод истоимениот празник, СН Осигурителен Брокер, упати честитка, а на сите земјоделски производители им посака богат род и бериќетна сезона.