Прифаќањето на позитивни и негативни критики значи можност за поголем напредок – СН Осигурителен Брокер одговорна компанија што ги слуша барањата и потребите на клиентот

Како одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер е секогаш на страната на клиентот.

Прифаќањето на позитивните и негативните критики од негова страна е од особено значење. Укажувањето на грешките или на она што е добро, а и она што не е, значи дека компанијата може да се надоградува, да расте, да напредува. Од тука да ги подобрува услугите и производите кои се нудат. Овие информации, помагаат во анализата на потребите на клиентот.

СН Осигурителен Брокер како одговорна компанија ги слуша барањата и потребите на клиентот

Истражувајќи ги резултатите за сето она што граѓаните кои ги користат нашите услуги имаат да го пренесат, се добива една слика за актуелната ситуација. До каде сме? Уште колку до целта? Се насочуваме ли во правилна насока? Колку тимот успеал во реализирањето на своите деловни планови.

Фидбекот од страна на клиентот треба да се разбере позитивно без разлика на тоа каква критика се добива од него. Како одговорна компанија, сметаме дека вашите мислења се од особено значење. Постојано го нагласуваме тимот и неговата работа, дискутираме за амбицијата и волјата да постигнеме одредени таргет, но овој пат ја потенцираме важноста на вашите потреби. Од тука, важен дел од мозаикот за еден евидентен успех се токму нашите клиенти. Тоа што тие го посочуваат, е она кон кое треба да целиме. Неговите барања ќе се исполнат, но сепак тука не завршува. Релевантен е заклучокот од страна на оние кои сме ги услужиле. Како тие ќе реагираат на нас, како ќе не оценат и што ќе ни укажат. Каде треба да се поправиме и во што грешиме може најдобро да ни кажат нашите клиенти.

Позитивните критики мотивираат, но и обратно.

Преку одговорно и конструктивно обработување и на негативните критики, компанијата може да ги исправи своите слабости, како и да го унапреди квалитет на услугите.