„Ризици на ски стазата“: Не заборавајте на опасностите

Зимата е омилена за многумина. Започнува еуфоријата и адреналинот кога се во прашање зимските спортови. Но, доколку зборуваме за еуфорија на таа ски стаза, мораме да ги имаме на ум и опасностите и ризиците.

Покачениот адреналин и серотонин изразуваат чувство на задоволство. Истото, понекогаш може да ве спречи да размислувате околу ризикот од незгода, на опасностите на ски теренот. Затоа сме тука за вас и стоиме на ваша страна. Пред сѐ или пред да започнете со планот за реализација на вашето омилено хоби, ве потсетуваме да го освестите ризикот дека сепак постои непријатна варијанта дека нешто може да се случи. Колку и да не ја дефинираме таа мисла и колку и да ја бркаме таа визија или т.н. лошо сценарио, сепак мораме да бидеме свесни за веројатноста.

ски опасностите

И токму кога го планирате престојот во некој ски центар, секогаш во предвид имајте ја реалноста. Обезбедете покритие за зимските спортови, како што е осигурувањето од дополнителни ризици од спортска незгода и  “Ски-пакетот“.

Време е за најатрактивните зимски спортови на отворено. Сноуборд, ски скокање, хокеј, санкање, боб санкањe, скијање или ски тркање. Но, пред да ја започнете возбудливата игра на ски стазата, водете сметка дека таа носи и одредени ризици од повреди.

Ски пакетот има покритие за сите зимски спортови и доколку со истите се занимавате исклучиво аматерски. Со овие два дополнителни пакети  се опфатени сите ризиците кога одите на зимување. Ваквите  пакети се потребни бидејќи патничкото осигурување само по себе не носи покритие за повреди настанати при дополнителни ризици, како што е скијањето и затоа е потребно да се направи полиса со вклучени ризици спортска незгода и ски пакет.

Повеќе информации на телефонскиот број 15 770.