Фестивалот СИ ДО и оваа година ја доби поддршката од СН Осигурителен брокер АД Битола.
Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен брокер за 27-мото издание на фестивалот се јавува како генерален спонзор.
„Еден од најреномираните детски фестивали во земјата, фестивалот, оваа година одбележува 27 години постоење. Фестивалот стана препознатлив бренд за Битола. Во исто време своите музички таленти ги покажале голем број на дечиња. Дел од нив веќе се познати и етаблирани музички имиња во земјава. Исто така уште толку очекуваме да се афирмираат и да запловат во музичките води токму преку овој фестивал. Затоа чест ни е и овој пат да дадеме поддршка на младите музички таленти.и се разбира преку најновото фестивалско издание да поддржиме уште еден музички празник во Битола.“-велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.
Фестивалот СИ ДО препознатлив знак за Битола
Фестивалот кој веќе е препознатлив знак за Битола го носи името „СИ-ДО“ во чест на познатиот композитор Петар Сидовски. Исто така од почетоците па до денеска веќе се етаблираше во значаен двигател на детската песна на македонската музичка сцена.
„Во сите изминати години од фестивалот имаат излезено многу хитови кои се влезени во македонската антологија на детска песна и секое издание на фестивалот е проследено со аудио и видео издание. Како што може да се забележи низ сите овие години имаат поминато многу генерации на деца. Како резултат на тоа секоја генерација си има свои хит песнички, повозрасните генерации се сеќаваат на постарите хитови, новите генерации на актуелните хитови. Од оваа инстанца за успешно одржување на фестивалот многу ни значи поддршката од спонзорите за што искрено им се заблагодаруваме. Токму со таа поддршка одржуваме високо ниво на фестивалот по кој Битола е препознатлива. Се на се и годинава очекуваме успешно издание кое ќе донесе нови хитови. “-вели Дарко Шерденков, директор на фестивалот СИ ДО, заблагодарувајќи се за поддршката од СН Осигурителен брокер АД Битола.