Секако дека имаме визија и планови. Визија за тоа како би изгледала патеката што треба да ја изодиме за да стигнеме до конкретната цел.
Некои поединци имаат мали претензии, некои големи таргети. Но, надежта е присутна. Верувањето дека ќе ги реализираме нашите планови кои ќе остварат иднина без никаков притисок и препреки што би го забавиле темпото во континуитет, секако дека е нешто кое го имаме како примат и одредена мантра, водилка. Но, дали тие реченици треба да бидат секогаш завршени како потврдни, без никаков прашалник?
Зошто се дефокусираме од прашалникот и кои последици може да ги донеси нашата неодговорност?
Она што ни е најважно и ни значи, треба и сакаме да трае. И сето тоа верување е убаво да го сместиме во еден совршен пакет за кого ќе сме уверени дека никој нема да го отвори пред нас. Пратка за која сме сигурни дека нема да се „скрши“ се додека не дојде во вистински раце. Во нашите раце. Успех што со раширени раце ќе не чека на целта. Но, дали треба да сме убедени во ваквиот план?
Значајно е да го задржиме фокусот и кон можните последици настанати од ризикот!
Токму тука би го имплементираме прашалникот како незаменлив постулат во понатамошната креација на плановите. Доколку не се запрашате „што ако“, не стоите на сигурна подлога. За жал се држиме на фактот дека ризиците се присутни и затоа истите треба предвреме да се разгледаат. Што може да не спречи и како може да се заштитиме од тоа? Токму тука се инволвира тој практичен дел кој треба да се однесува кон разгледување на услугите со осигурувањето. Нашите брокери и агенти за осигурување, се подготвени да разговараат и да одговорат на сите ваши прашања. Затоа што секогаш е убаво кога некој стои зад вас и е на ваша страна!