Осигурување и одговорно планирање: Критичното размислување како клучен елемент

Иднината ја креираме ние. Она што ќе посееме, тоа и ќе изникне. Но, колку сме сигурни дека тоа е добра почва или колку сме сигурни дека воопшто не грешиме? Зборуваме за осигурување и одговорно планирање на иднината. За критиката како составен дел од тие планови.

Во контекст на конструкција на тоа планирање на вашата иднина, постојано зборуваме за одговорноста кон себе си. Дали критиката е составен дел од сето тоа? Дали навремено е потребен тој „тет-а-тет“ разговор со себе си и проверка на грешките. Од тука, осигурени сме ли дека никогаш не грешиме?

Осигурувањето е неизбежен дел во мигот кога започнувате да ја градите визијата за вашата иднина!

И токму во тој момент, кога веќе сте одлучиле што ќе правите, каде сте и кон што стремите, треба повторно да ја разгледате целта и да бидете одговорни кон вашите одлуки. И пред да ги донесете, внимавајте дали сте сигурни околу фактот дека постојат ризиците.

Велат дека оној кој не ризикува, не добива. Но, колку е возможна таа добивка доколку не знаеме што точно правиме и колку сме фокусирани кон нашата цел? Време е да го успориме темпото и да ги разгледаме грешите. Да го преиспитаме ризикот кој понекогаш знае да биде скриен од нашето его.

планирање

Да се рече „Јас можам и умеам“, секако дека е добро. Но, од друга страна, внимавајте да не премине сето тоа во неизвесна наивност. Внимавајте да не таа самодоверба ве одведе во погрешна насока каде ќе постои ризик што навремено не сте го разгледале како можност дека ќе се случи. Разгледајте ја веројатноста дека непредвидливоста е повеќе од возможна и понекогаш заборавете на егото кое упорно ви тврди дека создавате безбеден свет во кој не е вклучен некој на кого можете да се потпрете. Убаво е кога некој секогаш е на ваша страна, но време е да го сфатите тоа убаво и да прифатите поддршка од сигурен партнер како што е СН Осигурителен Брокер.  

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *