СН Осигурителен Брокер: Грешките како мотивација за раст и напредок!

Грешките се составен дел од работата. Но, која е нивната цена? Има ли граници за тоа до каде една грешка може да стигне и која би била штетата околу истата?

Одговорноста е неминовен и составен дел од работата на една компанија.„Ако го даваме најдоброто од себе, тогаш ние сме успешни. Успехот е максимално искористување на можностите кои ги имаме. “– Зиг Зиглер. Според цитатот на Зиглер, потврдено е дека влогот за успешни резултати е комплетната посветеност. А целосниот ангажман и давањето на најдоброто од себе, значи дека грешките не смеат да бидат дел од тоа цело. Крахот, најпрво се евидентира како процес на губење на скапоценото време. Корегирањето, оправданието и ревизија на грешките, се рефлектира и на дотогашните перформанси на тимовите. Следи одложување на проекти, рокови, загуба на шанси во кои можело да се инвестира, напредне.

Грешките се составен дел од работата

Сепак тие се неминовни

Сепак, во една работа грешките се неминовен дел од целиот процес. Кога работиме грешиме, па така учиме. Но, дали во потполност треба да се потпреме на оваа позната реплика. Дали тоа потпирање значи олеснителна околност. Инволвираната фраза во работниот процес, може да се преведе и во негативна конотација. Следствено, дали откако ќе ја направиме грешката, треба да научиме нешто од истата? Мора ли да се сопнеме, да паднеме, па потоа да научиме како да станеме? Вниманието е клучот и основната алатка која цели кон реализација на нашите планови. Вниманието значи одговорност кон работата со целосен фокус кон она што претендираме да го извршиме.

Преголемата самокритичноста може да води кон погрешна насока

Последиците од правењето грешки се неминовни. Присебноста после направената грешка е последичната реакција која треба да се извлечи од направената „незгода“. Многумина потенцијални кариеристи, после одреден неуспех, се откажуваат. Сетоа тоа, влијае на психолошкиот развој на поединецот. Ваквата конклузија всушност води кон евидентирање на најголемата грешка. Откажувањето. Самокритичноста треба да постои на начин што ќе пратиме позитивна афирмација кон комплетирање на успешниот материјал кој нема да ги вклучи претходно направените грешки. Од нив учиме, но никако не се откажуваме. Насочувањето кон позитивен стимул го засилува професионалниот раст и може да ги подобри нашите вештини.

Тим кој работи на поправање на грешките

Тимот е најголемата поддршка во овие моменти

Се разбира следат несогласувања и разочарувања, но токму тука се нагласува моќта во тимската работа. Лидерските способности и менаџирањето на мотивацијата од страна на лидерот. Во тој поглед, нашиот тим е столб и дефиниција за една успешна „организација“ која стреми кон сериозен осврт на постојано растење, подобрување и наоѓање конкретно решение кон недоразбирањата. Грешките се гледаат како стимул и мотивација кон уште поголем раст и напредок.

Остави коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *