Интересен пристап кон осигурувањето на познатите личности и холивудски ѕвезди

Свеста околу осигурувањето е одговорност. Тоа е нешто кое секогаш треба да се има во предвид доколку сакаме успешен и секако спокоен живот. Она што зборува за нас, или конкретно за нашите простори е дека полека се навикнуваме да ја сфатиме оваа пиоимливост и проблематика. Фактот дека треба да бидеме подготвени за непредвидливи ризици е секогаш присутен. Од тука, знаеме и се согласуваме за осигурувањето живот, здравственото осигурување, патничко осигурување и тн.

Осигурувањето на познатите личности и холивудски ѕвезди

Во контекстот, интригира прашањето како сето тоа изгледа кај познатите ѕвезди чии кариери се комплетно градени врз основа на нивниот физички изглед. На нивната способност, како физичка подготвеност, така и здравствена. Токму за овие личности, осигурувањето игра најзначајна улога.

Што осигураат холивудските ѕвезди?

Осигурувањето холивудски ѕвезди, веројатно за нашите простори изгледа како нешто далечно и нешто неразбирливо. Но, доколку се размисли подлабоко, приказната е сосема поинаква. Тие се свесни за ризиците кои можат многу да влијаат на нивната кариера и да наметнат дополнителни финансиски трошоци.

Џеки Чен е каскадер и затоа не може да се осигура

Џеки Чен осигурување

Веднаш се претпоставува зошто е тоа така. Трошоците околу неговата ненадејна повреда и потоа нега, би биле преголеми. Затоа нити една компанија не го прифаќа ваквиот „предизвик“ или можеби ваквиот финансиски ризик.

11 милиони долари за осигурување на насмевката на Ферера

Америка Ферера е американска глумица и добитник на награди како Еми и Златен Глобус. Оваа позната холивудска актерка ја има осигурано својата насмевка на 11 милиони долари, а тоа се случило за време на снимањето ан филмот Ugly Betty. Aquafresh избра да ја спонзорира оваа актерка токму поради нејзината неодолива насмевка. Ферера направила осигурително покритие за заштита на непцата и забите.

Финансиската сигурност во иднина, е нешто кое е многу значајно за многу луѓе во светот. Свесноста околу осигурувањето се повеќе се развива. Холивудските ѕвезди се свесни околу она што е најзначајно за нив или околу она нешто кое ги прави да се познати. Без нивниот талент, кој всушност често се заснова на нивниот изглед, тие не би можеле да бидат успешни во својата кариера.

Имено, доколку сето ова не го разбереме како нешто непоимливо и несериозно, би требало да разбереме дека она нешто кое е назјначајно за нас сме самите ние. Ние сме оние кои твориме, успеваме, живееме. А грижата за нашиот живот, нашето здравје се нешто кое треба да ни биде прироритет кој не смееме да го заборавиме.