Една година значи 365 можности! – Тимот на СН: Наде Петроска, Стручен соработник во сектор Дополнително здравствено осигурување

Го запознаваме тимот на СН: Наде Петроска, Стручен соработник во сектор Дополнително здравствено осигурување

Скопје, градот на соништата, урбана култура, рапиден и динамичен свет. Се наоѓаме во главниот град на Македонија. Токму во оваа урбана приказна, разговараме за нашиот деловен успех како брзорастечка компанија со свој претставник – експозитура во местото кое на еден начин е почетна точка од каде соништата стануваат реалност. Место кое веруваме дека претставува епицентар за вклучување на бизнис соработки, постојан раст и нови идеи кои ги креираме со тимот. А штом сме кај тимот, петочно го отвараме денот со утринско „скопско“ кафе. Разговараме со нашата колешка Наде Петроска, стручен соработник во сектор Дополнително здравствено осигурување.

Годината е составена од 365 дена, а тоа значи 365 можности!

Така го започнавме кафе муабетот во кежуал атмосфера малку подалеку од работното биро. Ја запознаваме Наде одблиску и разговараме за нејзините афинитети, амбиција и што значи да си дел од тимот на СН, поконкретно во сектор дополнително здравствено осигурување.

-Се сметам за амбициозен човек, вели Наде. Верувам дека секој ден е нова можност за одново креирање и составување на целиот тој кариререн план. Сакам предизвици, отворена сум за соработки и сметам дека нештата се случуваат токму онака како што сме ги замислиле, само ако веруваме во нив.

Наде Петроска, тимот на СН

Како започнува твојот работен ден?

Денот ми започнува со кафе, планер и агенда. Добриот концепт и планот за обврските кои следат, секогаш ми помага за лесно соочување со работниот ден.

Што ја полни со енергија Наде на работа и дома?

Јас сум социјален тип. Сакам луѓе, разговори, позитивни лица, насмевки… Верувам дека тоа е заразно, па затоа и се трудам и јас да сум таков човек. Сакам да влијаам позитивно кон колегите, тимот и кон семејството и пријателите. За нас, тимот е најважниот сегмент, па многу е важна атмосферата која ја создаваме во канцелариите на нашата компанија. СН Осигурителен брокер е брзорастечки токму поради таквиот дух кој ги следи светските трендови, и не запира на стереотипи и знае што значи тимска работа. Моите колеги и пријатели се моето сѐ.

Наде Петроска

Експозитура Скопје

Улица: „Калош Дани” бр. 22- Кочански пат

Службен телефон: 075 499 715