„Лојд е водечки пазар во светот за комерцијални, корпоративни и специјални решенија за ризик. Преку колективната интелигенција и експертизата на преземачите и брокерите на пазарот, го споделуваме ризикот за да создадеме похрабар свет...“. Вака започнува претставувањето на веб страната на најголемиот осигурителен пазар за осигурување во светот.
Почетоците на приказната на LLOYD’S – Како настанал најголемиот осигурителен пазар
Во Лондон, во 1688 година, сопствениците на бродови, морнарите, трговците и купувачите на стоки, се состанувале во една таверна. Токму таму ги извршувале тековните обврски во врска со трговија. Таа таверна била сопственост на Едвард Лојд и се наоѓала на улица Тауер во Лондон.
Местото се повеќе било популарно, а Лојд се грижел за веродостојни вести за испорака. Кафулето на Едвард наскоро стекнало голема популарност. Но, меѓу другото, во него се случувало и „купување“ осигурување кое ќе ги покрие трошоците од опасности на товарените бродови на морињата.
Црната дамка во историјата на градењето на светскиот лидер
Меѓутоа оваа приказна има една црна дамка во историјата, која и денес знае да изврши лошо влијание на нивниот пазар. Имено, ова место го посетувале и морнари кои се занимавале со трговија на робови. Лојд во тоа време, ја зграпчил оваа „шанса“. Така, станал монопол на поморското осигурување кое било поврзано со безмилосната трговија со робови. Како лидер, Лојд се задржува на осигурителноиот пазар до 19 век.
Последици од поврзаноста на Лојд со трговијата на робови во минатото
Испаѓа дека кај Лојд важело мотото „Целта ги оправдува средствата“. Но, денес оваа фраза се истакнува како апсолутно погрешен чекор кон реализација на успех. Така, сеуште се чувствуваат последиците од таа „соработка“ што всушност му отворила врати на компанијата.
„Конкретно ни е жал за улогата што ја играше пазарот на Лојд во трговијата со робови од 18 и 19 век.“ – Се вели во едно од соопштенијата во медиумите. – „Ова беше ужасен и срамен период од англиската историја, како и нашата, и ние го осудуваме неодбранливото злосторство што се случи во овој период“.
Своевремено, Лојд истакна и дека ќе обезбедува поддршка за добротворните органзиации. Истите ќе промовираат можности и вклучување за луѓето од малцинските етнички групи. Понатаму, цитатот од интернет порталот Financia times, во Јуни 2020 година истакнува:
„Исто така Лојд, разгледува како ја претставува својата историја. Веб страницата на осигурителната компанија не го спомнува ропството во прегледот на нејзината корпоративна историја. Но, детално објаснува како компанијата растела заедно со позицијата на Лондон како лидер во осигурителната индустрија.“
Сепак, погрешниот чекор не значел крај за Лојд во минатото. Како што зборуваат историските податоци, со законот во 1911 година, на Лојд му се обезбедува здрава правна основа. Тогаш, во истата година, Лојд ги постави целите на организацијата.
Што е Лојд денес?
Лојд од Лондон, кој денес често се нарекува едноставно како Лојд, е пазар за осигурување и реосигурување. Неговите членови работат во својство на синдикати кои обезбедуваат осигурување за бизниси, организации и поединци. Истите, се специјализирани за различни видови ризици, и секој синдикат одлучува кои ризици да ги осигура.
Главната цел на Лојд е да ги олесни трансакциите помеѓу купувачите и продавачите на осигурување. Пазарот, исто така, вклучува брокери и агенти.
Денес Лојд се наоѓа на улица Лајм со свое седиште во историски објект, зграда отворена во 1986 година.