Новогодишни пакетчиња на децата на вработените во СН Групацијата – „Го чуваме секој магичен момент и сме потполно посветени кон грижата за нашите вработени и нашите клиенти!“

Волшебна атмосфера, магична ноќ – Се доделија новогодишни пакетчиња на децата на вработените во СН Групацијата. „Го чуваме секој магичен момент и сме потполно посветени кон грижата за нашите вработени и нашите клиенти!“

Како одговорна компанија креираме убава приказна, чија иднина сме свесни дека треба да ја осигураме. Во својата првична визија, реализиравме и план за тоа како ќе го градиме тимот. Уште на самиот почеток, заклучивме дека тимот е оној кој ќе ја креира нашата приказна. Од тука грижата за нашите вработени и нашите клиенти, е фундамент кон сето она што понатаму го зацртавме.

Како лидери во пазарот на осигурувањето стремиме кон уште поголеми успеси, а секако стремиме и кон зајакнување на односите и врските помеѓу вработените. Условите во кои работат вработените и грижата околу нивното здравје, атмосфера, работата во услови апстрахирани од беспотребен стрес, е токму она што ги зајакнува односите и секако со тоа ја зголемуваме и нашата продуктивност. Од тука, и како индивидуи сфаќаме дека нашиот живот е најважен. Така тргнуваме од себе си, разбирајќи ја „проблематиката“ која ја анализираме.

Она што го разгледуваме и го разјаснуваме како поим е осигурувањето на сето она што ни значи. Така, кога нас ни е доволно јасно колку е важно осигурувањето, концептот кој во своите рамки инволвира се подобра соработка со клиентите станува полесен.

СН Осигурителен Брокер е одговорна компанија која ги поттикнува и мотивира своите вработени за освојување уште поголеми таргети кои ќе ја зголемат добрата соработка и грижа за клиентите. Токму во рамките на оваа стратегија,  ние сме свесни за она што е најважно. Нашиот живот, нашето семејство, нашите најблиски, нашите деца.

Празниците се оние кои ја создаваат таа посебна магија, а  детските насмевки ни даваат сила за совладување на уште поголеми врвови. Во тоа име, како општествено одговорни, доделивме новогодишни пакетчиња на децата на нашите вработени. Тоа беше  волшебна атмосфера, забава и позитивна енергија што произлезе од детските насмевки.

Креираме моменти исполнети со љубов, а таа приказна вреди да се чува. Затоа сме тука како некој кој секогаш се грижи и е од страна на човечноста.